Connect with us

Домашни банки

Охридска Банка Сосиете Женерал добитник на национална награда за најдобри општествено одговорни практики

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал е добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година, во категоријата за однос кон животната средина, што ја доделува Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија. Покрај националната награда, Банката се закити и со две национални признанија за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година.

Проектот „За чист град, пазари со нашата МастерКард“ ѝ ја донесе националната награда на Охридска банка во категоријата однос кон животната средина, а концептот на истиот беше наградна игра во која седумдесетте победници добија велосипеди. Пораката која ја носеше проектот беше дека велосипедите се директно решение во борбата за почист град и почист воздух. Наградната игра се спроведе во периодот декември 2017 – февруари 2018.

Освен наградата, Охридска банка Сосиете Женерал доби национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за проектите „Култура и однесување“ во категоријата етичко управување и „Натпревар за најдобра бизнис идеја – Чиста 10-ка“ во категоријата вложување во заедницата.

Натпреварот за најдобра бизнис идеја, „Чиста 10-ка“, имаше за цел да го поттикне претприемничкиот дух кај младите во Македонија, а победничката бизнис идеја доби фонд од 10.000 евра за отпочнување на бизнис. Преку проектот „Култура и однесување“, Банката за своите вработени организира обуки за подобрување на односот кон своите клиенти, сѐ со цел да се имплементираат најдобрите практики.

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики се доделува по единаесетти пат, а годинава беа пријавени 38 проекти од 25 претпријатија во петте категории. Охридска банка Сосиете Женерал конкурира во сите пет категории. Изборот за национална награда се вршеше помеѓу компаниите кои во Македонија реализирале општествено одговорни проекти или практики во периодот од 1 јуни, 2017г. до 1 јуни, 2018г.

Домашни банки

ПроКредит Банка овозможи електронско отварање на орочен депозит

Објавено

на

ПроКредит Банка овозможи електронско отворање на орочен депозит директно преку нивното е-банкарство. Со оваа опција, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не мора да зависат од работното време на филијалите за креирање на навика за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Зелена наградна игра на Охридска Банка!

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал. Направете 10 трансакции со дебитна и 5 транскакции со кредитна картичка и освојте електричен тротинет! Од 17 Декември до 28 Февруари 2019 година купувајте со картичките на Охридска банка Сосиете Женерал. 20 електрични тротинети чекаат на вас! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Вечерва отворање на изложбата од ликовната колонија „Вевчански видувања 2018“ во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, вечерва (17 декември, понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange