Connect with us

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 58то издание на Oхридско лето

Објавено

на

Традиционално, и оваа година, Охридска банка Сосиете Женерал е поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид.

Веќе низа години, Охридска банка Сосиете Женерал е една од најголемите поддржувачи на Охридско лето, како манифестација која нуди врвна и уникатна уметничка програма и ги издигнува културните вредности на едно повисоко ниво и нуди програма која изобилнува со врвна уметност.

Охридско лето, за Банката е многу повеќе од традиција. Следејќи ја глобалната стратегија на Сосиете Женерал, оваа година Банката, освен како поддржувач на 58то издание на фестивалот Охридско лето, се јави и како поддржувач на неколку други значајни музички и културни настани во земјата, како Битола отворен град 2018, спектакуларната претстава „ТИШИНА! НА ТУРНЕЈА СМЕ!!!“, на славната француска хип-хоп група Покемон Кру во кореографија на Ријад Фгани од Франција како дел од познатиот „Танц Фестивал“, како и формирањето на својата платформа за општествена одговорност наречена, ОБСГ Клуб на таленти, која ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и истите финансиски да ги поддржува, а наскоро ќе стартува во областа на музиката.

Како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал активно учествува во промоцијата на вистинските вредности преку зачувување на традицијата, преку афирмација на културата, уметноста и музиката.

Домашни банки

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Објавено

на

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе банка воведе намалени провизии за тргување до 50%

Објавено

на

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска Берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 01.07. – 30.09.2018 година

Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на E-trading апликацијата, која овозможува електронско давање на налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање на кориснички профил клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, тргувањата и портфолиото, како и можност да го следат во реално време на тргувањето на Македонска берза.

Основните карактеристики на E-trading апликација се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат);

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;

• преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање;

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време;

• преглед на активни налози и e-trading барања;

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје и Град Скопје ги промовираа станиците за поправка на велосипеди

Објавено

на

Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите до колку имаат потреба да извршат мали интервенции на своите велосипеди.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange