Connect with us

Домашни банки

Охридска банка работи на создавање технички услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти

Објавено

на

Следејќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија и укажувањата на Народната банка, Охридска банка во овој период работи посветено на создавање услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти.

Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, донесена на 28 седница на Владата на Р. Северна Македонија одржана на ден 25.03.2020 година, Охридска банка во моментов работи во насока на подготовка на соодветна понуда до сите клиенти, со цел да им овозможи надминување на потешкотиите кои би ги имале со сервисирањето на кредитните обврски во време на корона-кризата. Овие олеснувања ќе важат како за физичките, така и за правните лица.

Деталите за олеснувањата и новите договорни услови ќе бидат објавени наскоро, штом завршат интерните прилагодувања на системите на Банката.

Понудите за физичките и правните лица ќе бидат објавени на веб страницата на Банката, а исто така ќе биде и прецизно објаснет начинот за постапување во однос на Понудите.

Како финансиска институција со одговорност кон своите вработени, кон клиeнтите и кон економијата во целина, Охридска банка АД Скопје веќе воведе низа мерки со кои се обидува да понуди низа олеснувања за своите клиенти.

Имено, до 15 април, 2020 година, се укинати сите провизии за денарски трансакции направени преку мобилното и електронското банкарство на Охридска банка. Со оваа одлука, Банката сака да ги поттикне своите клиенти да ги користат електронските канали со кои можат самостојно да извршат редовен сет на банкарски услуги без да ја посетат својата матична експозитура, а со тоа да намалат лични контакти и да избегнат редици.

Исто така, Банката овозможи предвремена исплата на мартовските пензии за сите клиенти, приматели на пензија преку Охридска банка, чија исплата започна од 25 Март 2020г.

Дополнително, Банката одлучи дека нема да бара поврат во 2020 година на повеќе уплатените аконтации за данок од добивка во 2019 година, што е исто така уште еден стимул кон државниот буџет, во овој тежок период.

Охридска банка го реорганизираше сопственото работење и продажната мрежа за да овозможи на поголем број вработени да ги користат мерките за работа од дома, а со тоа и поголема превенција, но од друга страна и понатаму да ги нудат финансиските услуги на своите клиенти како доверлив партнер.

Сите локации каде што е пристуна Охридска банка се снабдени со дезинфициенси и видливи препораки за превенција за да се намали ризикот по јавното здравје и при потреба од посета на експозитура.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Понуда од Стопанска банка а.д. Битола за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола како дел од економскиот систем на земјата целосно ја разбира сериозноста на ефектите кои ќе бидат предизвикани од корона – кризата. Во таа насока со цел да се минимизираат потенцијалните негативни последици од кои ќе бидат засегнати сите клиенти, Банката креираше посебна ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно