Домашни банки
Охридска банка оствари добивка од 1,3 милиони евра во првите три месеци од 2020 година

Кумулативниот реализиран финансиски резултат, за периодот од 1.1.2020 до 31.03.2020 година изнесува 80,2 милиони денари и споредено со истиот период минатата година е понизок во најголем дел од повисоката споредбена основа минатата година во делот на нето останати приходи – наплата на побарувања од претходни периоди, а во оваа година во делот на останати расходи се вклучени и дополнителните резервирања во висина на планираната просечна нето цена на чинење на ризикот за 2020 година како резултат на влијанието на кризата од Ковид-19.
Негативно влијание имаше и пазарниот притисок на каматната маргина кој беше несразмено поголем во делот на активните камати кај кредитите и хартии од вредност отколку на страната на пасивата.
Нето-приходите од камати на крајот од првиот квартал од 2020 година изнесуваат 267,3 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 17,7 милиони денари или за 6,2 %. Реализацијата на нето-каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа е поврзан и падот на активните каматни стапки, за кој пазарните услови не дозволуваат да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства.
Приходите од камати бележат намалување од 18,9 милиони денари, додека каматните расходи се на приближно исто ниво споредено со крајот на првиот квартал минатата година.
Намалувањето на приходите од камати во најголем дел е резултат на пониските каматни приходи од пласмани кај секторот Компании, кој е под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки, и во делот на приходи од хартии од вредност додека приходите од камати на кредитите кај населението, и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на волуменскот импакт односно зголемената состојба. Приходите од камати кај пласманите во хартии од вредност (благајнички и државни записи) бележат пораст поради зголемените пласмани.
Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 78,5 милиони денари, е намален за 3,1 милиони денари во однос на истиот период минатата година поради зголемувањето на трошоците за провизии и надоместоци, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 31,3 милиони денари и се намалени за 8,6 милиони денари или за 21,6 % во споредба со истиот период од минатата година, поради влијание на пазарните услови на курсната маргина.
Другите приходи изнесуваат 3 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се намалени за 49,6 милиони денари. На износот на другите приходи во минатата година најголем ефект имаше остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања.
Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од првиот квартал од 2020 година изнесува 79 милиони денари и во споредба со истиот период во 2019 година, бележи намалување од 35,9 милиони денари, или 31,3 %.
Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ март изнесуваат 220,8 милиони денари и во споредба со претходната година, бележат зголемување од 27,4 милиони денари или 14,1 % .
Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците поврзани со зголемените деловни активности, и тоа: трошоците поврзани со картичното работење, трошоците за хардвер и софтвер, осигурувањето на депозити. Заради преземање на неопходните мерки за заштита на вработените и клиентите, а во согласност со препораките за спречување на ширење на вирусот Ковид-19 бележат пораст трошоците за набавка на заштитни маски, опрема, средства за хигиена и дезинфекција на просториите на Банката.
Во овај период Охридска банка заедно со Шпаркасе Банка Македонија и матичната банка се вклучија со заеднички донаторски активности во напорите за надминување на коронавирусот преку подршка на различни сегменти од здравствениот систем.
Со оглед на одложувањето на наплатата на кредитните обврски кај кредитите на физички лица и компаниите погодени со криза од Ковид-19, Банката согласно планираната просечна цена на чинење на ризикот, резервира 24,7 милиони денари за потенцијални оштетувања / резервации за кредитен ризик, што може да се појават по завршувањето на период на одложено плаќање.
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка