Домашни банки
Охридска банка од денес започна со предвремена исплата на февруарските пензии


Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за февруари 2021 година во периодот 25.02.2021 година – 02.03.2021 година согласно Информацијата за исплата на пензии за февруари 2021 година на македонската влада.
Од денес (25.02.2021 година), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.
Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии и преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите преку мрежата на експозитури ќе се врши според редоследот утврден од владата:
Датум | Пензија |
25.02.2021 (четврток) | До 11.000 денари |
26.02.2021 (петок) | Од 11.001 до 14.000 денари |
01.03.2021 (понеделник) | Од 14.001 до 18.000 денари |
02.03.2021 (вторник) | Над 18.000 денари |
Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година


Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)
Домашни банки
УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години


Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)
Домашни банки
ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк


ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите