Connect with us

Домашни банки

Охридска банка нема да исплаќа дивиденда за акционерите!?

Објавено

на

Собранието на акционери на Охридска Банка АД Скопје, на седницата која треба да се одржи на 30.06.2020, ќе гласа за Предлог-Одлуката за употреба и распределување на остварената добивка од Годишна сметка на Банката за 2019 година.

Охридска Банка АД Скопје претходно го објави финансискиот резултат за претходната година, наведувајќи дека нето добивка  изнесува 238.542.996 денари во 2019 година или околу 3,9 милиони евра.

Доколку Предлог-Одлуката за употреба и распределување на остварената добивка биде прифатена на редовното Годишно собрание на акционери, нето добивката на Охридска Банка АД Скопје за 2019 во износ од 238.542.996 денари ќе се распредели на следниов начин:

– Задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка 238.542.996,00 денари

Тоа значи дека Банката ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, но тоа претставува голем удар за акционерите на Охридска Банка, кои оваа година нема да ја добијат заслужената дивиденда.

Износот на нето-добивката од 238.542.996 денари што се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка, служи за развојни цели односно за вложувања во материјални и во нематеријални средства за проширување на дејноста и нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина.

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денеска, 3- ти јули, започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита за јуни

Објавено

на

Од денеска, 3 јули 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје започна да врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец јуни на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно