Connect with us

Домашни банки

Охридска банка именуваше нови членови на Надзорниот одбор

Објавено

на

Собранието на Охридска банка АД Скопје, на седницата одржана на ден 29.11.2019 година, донесе Одлука за именување на нови членови на Надзорниот одбор на Банката.

За нови членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се именуваат:

  • Георг Бухер од Р. Австрија, роден 1962 година, со висок степен на образование, правни студии.
  • Ханс Лудвиг Диксер од Р. Австрија, роден 1967 година, со висок степен на образование, студии по право.
  • Славиша Којиќ од Р Австрија, роден 1978 година, со висок степен на образование, диплома по бизнис.
  • Валбурга Зајдл од Р. Австрија, родена 1973 година, со висок степен на образование, магистер по социјални и економски науки и бизнис администрација.

Новоименуваните членови се дел и од Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

На именуваните членови на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седницитево висина определена со Одлука на Собранието на Банката.

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор ќе трае 4 (четири) години.

Оваа Одлука стапува на сила по добивањето на согласност за именување на нови членови на Надзорниот одбор од страна на гувернерот на НБРСМ , кои ќе стапат на местото на членовите што се разрешуваат.

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно