Connect with us

Кредити

Охридска банка изврши промена на каматните стапки за кредити од вонредни во редовни

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека согласно Уредбата од НБРСМ за примена на Законот за Облигациони односи, вонредната состојба заврши на 30 јуни 2020.

„Согласно завршувањето на вонредната состојба, направена е промена на каматните стапки и истите се променети од вонредни во редовни. Почнувајќи од ратата за месец јули (која доспеа на 1 август 2020), ги враќаме во сила редовните каматни услови, по кои понатаму ќе се врши отплата на ратите од кредитите, согласно потпишаните Договори за кредит.”, се вели во известувањето на Охридска банка.

За подетални информации, клиентите можат да се обратат во некоја од експозитурите или во Контакт Центарот на Охридска банка на телефон 02/15-050.

Кредити

Ковид 3 – нова бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

Објавено

на

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори – различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ИутеКредит Македонија имплементираше ново решение за онлајн купување на кредит до 24 рати

Објавено

на

Опцијата за директна апликација за кредит при онлајн купување е отсега достапна и на веб продавницата на Анхоч. При посета на страницата www.anhoch.com, купувачите ќе можат од изберат производи и истите да ги купат на 24 рати преку наменски кредит од IuteCredit Македонија. Процедурата за онлајн купување на рати е пред сé безбедна, брза и едноставна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно