Платежни картички
Охридска банка започна процес на замена на платежни картички со ново лого

Охридска банка АД Скопје го почна процесот на замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во периодот кој следи Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.
Клиентите ќе добијат известување преку смс порака или вибер порака дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка.
Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.
Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања.
Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.
Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари.
Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз временски период да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе пристапи кон згаснување на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.
За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.
Проектот за замена на картички започна на 3 јуни во Гевгелија, каде преку експозитурата на Охридска банка започна издавањето на новите платежни картички.
Платежни картички
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија

Проблем со редовното функционирање на платежните картички и уредите на кои тие најчесто се користат (трговија и банкомати) се појави во текот на денешниот ден откако речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. (more…)
Платежни картички
Мастеркард ги лансираше Google Pay и Google Wallet за корисниците на картички во Северна Македонија

Со поддршка на Мастеркард, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје се првите локални банки што воведуваат Google Pay, овозможувајќи им на имателите на картички да ги искористат предностите на едноставни и безбедни бесконтактни плаќања и складирање на дигитални картички на Android и WearOS уредите. Имателите на картички можат да ги складираат кредитните и дебитните картички на НЛБ банка и Стопанска банка на Google Wallet, дигитален паричник и да вршат плаќања секаде каде што бесконтактните плаќања се прифатени. (more…)
Домашни банки
Освој TESLA само со Mastercard® картичките од Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година