Домашни банки
Охридска банка го прогласи победникот на креативниот маратон Rethink


Тимот „Леа“ е победник на предизвикот на Охридска банка на годинешниот „Rethink“ – креативен маратон во организација на Солвео.
Тимот Леа, составен од економисти, дизајнери и девелопери, освои награда од 500 евра за нивното победничко решение кое вклучуваше машинско учење и анализирање на податоци преточено во модел за предвидувања на идни финансиски навики кај клиентите и врз основа на тоа – препорака за користење на банкарски продукти.
На креативниот маратон „Rethink“, Охридска банка го постави предизвикот „Rethinking financial habit formation in young customers – Changing financial habits using Big Data & AI“. На предизвикот се натпреваруваа 3 тимови под менторство на продукт менаџери, специјалисти за продажни канали, ИТ специјалисти од Охридска банка и Сигмоид Груп со експертиза во полето на машинското учење и вештачката интелигенција. Предлог концептите креирани од тимовите учесници беа оценувани според критериумите иновативност, изводливост, едноставност при користење, потребно време за имплементација и тимска работа.
Креативниот маратон „Rethink“ во организација на Солвео имаше за цел да го подобри дигиталното корисничко искуство кај бизнисите, а Охридска банка беше една од трите платинум спонзори на настанот. Креативниот маратон се одржа во Инофеит – Центарот за трансфер на технологии и иновации од 20ти до 22ри септември, 2019.
Со поддршката на овој настан, Охридска банка како посветена финансиска институција чија корпоративна вредност е иновативноста, продолжува да ги поддржува младите иноватори на полето на финансиски иновации со поддршка и организација на вакви натпревари.
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
Домашни банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје


Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје