Connect with us

Домашни банки

Охридска Банка го награди Марко Пејчиновски

Објавено

на

Една од компаниите кои го поддржаа малиот херој Марко Пејчиноски кој на празникот Голема Богородица го преплива Охридското езеро е и „Охридска банка“.

“Денес бевме горди домаќини на Марко Пејчиновски, момчето кое херојски го преплива Охридско Езеро!
Го дочекавме со огромна радост и го прогласивме за Прв член на нашиот Клуб на Таленти.
ОБСГ на Марко му додели депозит за детско штедење и му посака многу здравје и успех понатаму.

Честитки Марко, ти си вистински пример дека кога се сака, сѐ се може!„ – пишува во официјалната изјава од банката.

Мора да се напомене дека Охридска Банка, како дел од годишната програма за општествена одговорност, го оформи Клубот на таленти. Преку различни програми бараат млади, амбициозни и талентирани поединци и групи и нив финансиски ги поддржуваат.

На долг рок, Клубот на таленти на ОБСГ ќе остави печат и придонес во општеството и истовремено ќе им подаде рака на младите потенцијали на нашата земја, токму кога тоа им е најпотребно.

 

Домашни банки

Осигурување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова локација на експозитурата на НЛБ Банка во Ново Лисиче – Скопје

Објавено

на

Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14.1.2019 година, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange