Платежни картички
Охридска банка врши замена на сите платежни картички со ново лого

Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 Септември 2020 година, Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.
На клиентите им се испраќаат известувања преку повеќе различни канали за комуникација, како писмо на домашна адреса, смс порака или вибер порака, електронска порака на меил и сл., дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна
картичка во својата матична експозитура.
Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.
Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања.
Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.
Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари.
Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната стара картичка, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз временски период, најдоцна до 30 Септември 2020 година, да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.
За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.
Платежни картички
Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)
Домашни банки
„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – „Штеди и кога плаќаш“. (more…)
Платежни картички
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје