Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА СУДСКИ ПОСТАПКИ И НАПЛАТA

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Подготвува и води спорови за наплата на сите доспеани ненаплатени побарувања;
  • Подготовка на предметите поврзани со доспеани и ненаплатени побарувања и
    координација со надворешни ентитети и соработници;
  • Следење на уплати и фазите во процесот на наплатата;
  •  Водење на предмети до нивна конечна наплата;
  •  Постапува по извршни предмети за наплата на доспеаните ненаплатени
    побарувања;
  • Проследување предлози за отпис на ненаплативи побарувања;
  •  Преструктуирање на долгови;
  • Учество во изработка на договори за потребите на Банката;
  •  По овластување ја застапува Банката пред судовите и другите државни органи;
  • Преземање соодветни мерки пред надлежните органи за обезбедување на пласираните средства од страна на Банката.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Правен Факултет со положен Правосуден испит;
  • Претходно работно искуство од најмалку 2 години;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Претходно работно искуство во банкарски сектор ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач);
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 02.06.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Апликација за Референт за судски постапки и наплата“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

The ProCredit group is made up of socially responsible banks in developing countries and transition economies. ProCredit positions itself as the “house bank” for small and medium enterprises (SMEs) and for private inpiduals wishing to save and conduct their banking business on a fair and transparent basis. In this way the group strives to promote the segments of the population that contribute most to economic and social development.

To strengthen our capacities in the Group Operational Risk team, ProCredit Holding (Germany) is seeking to hire a dedicated, responsible and qualified applicant based in Skopje:

TRAINEE/SPECIALIST IN OPERATIONAL RISK MANAGEMENT

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје објавува оглас за вработување на:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка АД Скопје во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange