Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска Банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА
Локација: Скопје

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Прибирање понуди за ситен инвентар и канцелариски материјали
  • Набавка на ситен инвентар и канцелариски материјали
  • Водење евиденција на залиха
  • Водење материјално книговодство во софтверска апликација-LUCA
  • Следење на потрошени канцелариски материјали и одредување на оптимална месечна
    залиха
  • Организирање на хотелско сместување, резервирање на авионски карти и логистика

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
  •  Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат
Професионална биографија (CV), најдоцна до 20.11.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со
задолжителна назнака „Референт за логистика“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и
користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
  • Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од вработување на 4 лица за позиција Референт на благајна за Скопје: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange