Connect with us

Банки

Охридска Банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
– Одлично познавање на производите на Банката и постоечките клиенти
– Промоција на актуелните производи на Банката
– Закажување состаноци со постојани и потенцијални клиенти
– Собирање на податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот
– Подготовка на понуди согласно палетата на продукти и услуги на Банката
– Познавање на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката
– Подготвување на комерцијален предлог за клиентот
– Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволството од
користење на производите и услугите на банката
– Подготовка на извештаи
– Управување на различни видови на трансакции
– Водење на заостанати наплати

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
– Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
– Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
– Развиени продажни вештини и техники;
– Одлично познавање на Aнглиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office ;
– Тимски играч;
– Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 26.09.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Референт за односи со корпоративни клиенти – Струмица“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
– Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Огласи за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно