Connect with us

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

Специјалист за маркетинг и комуникации
(Скопје)

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Ги дефинира, управува и оценува комуникациските политики и акции (интерно и екстерно)
  • Им асистира на менаџерите во нивните комуникациски цели и активности
  • Одговорен за визуелниот идентитет на банката за сите употреби (интерни и екстерни) во сите видови медиуми
  • Дизајнира и составува повеќе институционални, промотивни или финансиски информативни документи
  • Води, координира и промовира различни операции кои придонесуваат во развојот на имиџот и репутацијата на банката, со помош на комуникациски алатки: односи со јавност, спонзорства итн.
  • Презема одговорност за односи со јавност и за комуникациската димензија, интерно и екстерно во главните секторски проекти
  • Реализира и координира бројни операции потребни за интерна комуникација во поглед на: собирање, формулирање и циркулација на информации преку различни пишани публикации и аудио-визуелна продукција
  • Учествува во организирањето на интерни настани
  • Одговорен за техничка продукција на комуникациски медиуми
  • Го реализира составувањето и објавувањето на различни публикации на дирекцијата во различни видови медиуми (дигитални, печатени, социјални мрежи итн.)
  • Презема одговорност за односи со добавувачите
  • Ја организира фото и видео архивата
  • Одговорен за дизајн, составување, организирање и имплементација на содржината на институционалната веб страница

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен Економски факултет, отсек Маркетинг или Е-Бизнис или сродни науки;
  • Напредно познавање на Англиски Јазик
  • MS Office Пакет (Word; Excel; PowerPoint)
  • Тимски играч;
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 20.07.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Апликација за Специјалист за маркетинг и комуникации“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка АД Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите.За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани  и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • ИТ поддршка за корисничка околина
  • Инсталирање и конфигурирање на компјутерски хардвер, софтвер, системи, мрежи, принтери и скенери
  • Мониторинг и одржување на компјутерски системи
  • Навремено одговарање на прашања и барања за услуги
  • Обезбедување на техничка поддршка за вработените во компанијата низ цела Македонија
  • Поправка и замена на опрема по потреба
  • Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата, организација на сервис на опремата
  • Тестирање на нови технологии
  • Администрација на ИТ бекап локацијата како втор администратор

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен електротехнички факултет, отсек информатика или друг факултет за информатички и телекомуникациски науки;
  • Пожелно е кандидатот да поседува сертификати од областа;
  • Познавање на Microsoft Server околина;
  • Тимски играч;
  • Вештини за решавање на проблеми
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Способност за давање приоритети и делегирање
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 15.07.2018 год. со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за поддршка и бекап локација“ на: kariera@ob.com.mk

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка вработува!

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за кредитна анализа за клиенти – правни лицаво Филијала Струмица, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.

 

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

 

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна нето плата од 26.000 денари со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Работното место во основа ги опфаќа следниве работни задачи:

–          тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;

–          извршување на теренски промотивни и продажни активности;

–          координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;

–          контрола на активности на продажната мрежа врзано за продажби и промоции;

–          исполнување на поставени месечни и квартални цели;

–          анализа на примени барања за кредити;

–          аквизиција на продажни места и поставување на  ПОС терминали;

–          целосна поддршка на експозитурите на Банката во рамките на Филијалата од аспект на одржување на обуки на вработените;

–          извршување на тековно следење и грижа на постоечките клиенти на банката во работни задачи;

–          изготвување понуди  кои директно се доставуваат до клиентите и сл.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки (предност имаат насоките: сметководство, банкарство и финансии);

–          Минимум 2 години релевантно работно искуство од областа на кредитна анализа на правни лица;

 

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Самомотивираност и способност за самостојно работење;

–          Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;

–          Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;

–          Висок степен на прецизност;

–          Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;

–          Способност за работа со утврдени временски рокови;

–          Можност и афинитети за работа на терен;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;

–          Возачка дозвола „Б“ – категорија.

 

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со мотивационо писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“.  Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

 

Огласот ќе биде активен заклучно со 15.07.2018 година.

 

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange