Connect with us

Домашни банки

Охридска банка воведе провизија за репроценка на имот

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 27.07.2020 година, стапи во сила новата Тарифа за физички лица. Промената се состои во воведување на провизија за репроценка, која е важечка за сите нови клиенти корисници на кредити, обезбедени со залог.

Иницијално утврдениот износ на оваа провизија беше во висина од 2.500 денари за сите постоечки и нови клиенти корисници на кредити обезбедени со залог.

Со цел да излезе во пресрет на постоечките кредитокорисници, а истовремено ценејќи ја лојалноста на клиентите со кредитни пласмани обезбедени со залог, Охридска банка АД Скопје одлучи трошокот за репроценка да биде во целост на товар на Банката.

Во однос на новите кредитокорисници, износот на провизијата се намалува од 2.500 денари на 900 денари годишно што претставува дел од реалниот трошок за репроценка од страна на клиентите. Останиот дел од реалниот трошок за вршење на репроценка ќе биде на товар на Банката.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно