Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје ќе издава нови 232.076 обични акции со право на глас

Објавено

на

Раководството на Охридска банка АД Скопје донесе предлог одлука за зголемување на акционерски капитал по пат на издавање на обични акции со право на глас.

Предлог одлуката треба да биде изгласана на седницата на Собранието на акционери која ќе се одржи на ден 17.3.2020 година.

Охридска банка планира да го зголеми акционерскиот капитал со издавање на 232.076 обични акции со право на глас во вкупен номинален износ од 615.001.400,00 денари наменети за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.

Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на Банката со нови уплати од страна на постојниот акционер „Steiermarkische Bank und Sparkassen AG” од Грац, Австрија, заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива.

Номиналната вредност на една акција изнесува 2.650,00 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 615.001.400,00 денари.

Продажната вредност на една акција изнесува 2.650,00 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 615.001.400,00 денари.

Сопствениците на обичните акции со право на глас ги имаат следните права:
– право на глас во Собранието;
– право на исплата на дел од добивката-дивиденда;
– право на исплата на дел од остатокот на ликвидационата односно стечајната маса на Банката.

Вкупниот број на издадени акции во моментов изнесува 516.350 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 5.201,70 денари.

Охридска банка АД Скопје не поседува приоритетни акции.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно