Домашни банки
Охридска банка АД Скопје ќе издаде нови 119 илјади обични акции со право на глас

Раководството на Охридска банка АД Скопје донесе предлог одлука за зголемување на акционерски капитал по пат на издавање на обични акции со право на глас.
Предлог одлуката треба да биде изгласана на седницата на Собранието на акционери која ќе се одржи на ден 31.3.2020 година.
Охридска банка планира да го зголеми акционерскиот капитал со издавање на 119.000 обични акции со право на глас во вкупен номинален износ од 315.350.000,00 денари наменети за институционален инвеститор по пат на приватна понуда.
Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на Банката со нови уплати од страна на постојниот акционер „Steiermarkische Bank und Sparkassen AG” од Грац, Австрија, заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива.
Номиналната вредност на една акција изнесува 2.650,00 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 315.350.000,00 денари.
Продажната вредност на една акција изнесува 5.168,00 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 614.992.000,00 денари.
Сопствениците на обичните акции со право на глас ги имаат следните права:
– право на глас во Собранието;
– право на исплата на дел од добивката-дивиденда;
– право на исплата на дел од остатокот на ликвидационата односно стечајната маса на Банката.
Вкупниот број на издадени акции во моментов изнесува 516.350 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 5.140,00 денари.
Охридска банка АД Скопје не поседува приоритетни акции.
Домашни банки
Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.
Домашни банки
Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)
Домашни банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје