Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје ќе дели дивиденди!

Објавено

на

Охридска Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза објави дека врз основа на член 38 став 1 точка 5 од Статутот на Банката, донесена е Одлука за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на Охридска Банка АД Скопје по Годишна сметка за 2017 година.

Охридска Банка АД Скопје ќе изврши исплата на дивиденда во бруто износ од 68 денари по акција.

Се известуваат сите иматели на обични акции дека банката ќе врши исплата на дивиденда за обични акции во пари со датум на пресек 01.06.2018 на акционерската книга според кој се определува правото на дивиденда за 2017 година.

Исплатата на дивидендата за 2017 година ќе започне на 12.06.2018 година.

Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциска сметка за исплата на дивидена истото да го направат со достава на податоците во Централата на банката – ул Орце Николов бр.54 Скопје, во екпозитурите на банката, на телефонските броеви 046 201 711 и 046 201 712, или на емаил obinfo@ob.com.mk.

Домашни банки

АНКЕТА: Избор на БАНКА НА ГОДИНАТА – 2018 година

Објавено

на

Крајот на годината е вистинско време да се сумираат резултатите и да се анализира постигнатиот успех во работењето за 2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Синдикатот на Шпаркасе Банка и Државниот студентски дом организираа акција за садење на 100 садници

Објавено

на

Во текот на денешниот ден, Синдикалната организација при Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Државниот студентски дом – Скопје организираше акција за садење на повеќе од 100 садници во рамките на студентските домови “Гоце Делчев” и “Стефан Наумов – Стив”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ – настан на Комерцијална банка

Објавено

на

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange