Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје оствари 10,2 милиони евра профит за 2018 година!

Објавено

на

Билансот на состојба на Банката на крајот на 2018 година изнесува 39.559 милиони денари и е за 4,8% над планираното. Споредено со крајот на 2017 година, е зголемен за 4.350 милиони денари, или за 12,4%, како резултат на пораст на вкупните депозити и капиталот на банката.

Депозитите на комитентите, со учество од 73,7 %, се доминантен извор на финансирање на активностите на Банката, и во споредба со минатата година бележат пораст од 2.498 милиони денари или 9,4 %, додека во однос на планот реализираната состојба е повисокa за 7,5 %. Депозитите на правни лица бележат зголемување за 8,6 %, во што најголем придонес имаат средствата на трансакциските сметки, додека орочените депозити бележат намалување. Врз движењето на депозитите од правните лица во текот на годината, како и врз состојбата на крајот на 2018 година, покрај цикличниот карактер, влијание имаа и приспособувањето на ценовната политика на пасивата на Банката, како и приспособувањето со условите на пазарот. Депозитите на физички лица бележат зголемување од 10,4 %, при што депозитите по видување бележат пораст од 19,5 %, додека орочените депозити пораст од 6,4 %.

Од аспект на договорната рочна структура на вкупните депозити од клиентите, најголемо учество имаат депозитите по видување, коишто учествуваат со 49,1%, следат долгорочно орочените со 29,7 %, краткорочно орочените со 14,5% и ограничените со 6,7%.

Средствата од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 8,2%, во кои се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, ЦЕБ, МБПР, ГГФ, ЕФСЕ и споредено со крајот на 2017 година бележат зголемување за 7,7% резултат на новите кредитни линии од ЕБРД и ГГФ.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 4.291 милиони денари и бележат зголемување за 29,0 % споредено со претходната 2017 година, во основа резултат на реализирана приватна понуда на хартии од вредност во Февруари 2018 година на институционален инвеститор „Сосиете Женерал„ СА во вкупна продажна вредност од 430,5 милиони денари од кои номинален износ од 206,1 милиони денари и премии од акции во вредност од 224,4 милиони денари, како и на алокацијата на профитот на Банката од претходната година во нераспределена добивка, што е во согласност со планот на Банката за јакнење на капиталната основа на Банката како поддршка за пораст на комерцијалните активности на Банката.

На страната на активата, расположливите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти што учествуваат со 77,0 %, при што вкупните брутокредити достигнаа ниво од 30.456 милиони денари и бележат пораст за 2.864 милиони денари, или за 10,4 %, и се во согласност со планираното ниво. Од аспект на рочноста, 69,5% од кредитите се долгорочни, краткорочните кредити учествуваат со 24,5%, а нефункционалните со 6,0 %.

Нивото и структурата на ликвидните средства се одржуваат во оптимални нивоа имајки ги предвид целосно барањата на комитентите како и ликвидносните транскации на Банката, со почитување на регулаторните и групациските барања во однос на валутната усогласеност на средствата и обврските, интерните акти, потребите за исполнување на просечното ниво на задолжителна резерва, како и со успешното менаџирање на поголемите одливи и плаќања на комитентите во текот на годината.

Кумулативниот реализиран финансиски резултат пред оданочувањето за периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година изнесува 627,4 милиони и е значително односно за 1,6 пати повисок во однос на остварениот резултат за истиот период минатата година, како и за 31% повисок во однос на планираниот. Во основа таквото остварување е резултат на пораст на активностите и приходите од редовно работење, пониски оперативни трошоци и пониска исправка на вредност на пласманите.

Нето-приходите од камати на крајот од 2018 година изнесуваат 1.170,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 11,4 милиони денари, или за 1% со реализација на планот од 94,4 %.

Приходите од камати бележат зголемување за 9,6 милиони денари во најголем дел поради порастот на приходите од камати на кредити на население кои, и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат континуиран и стабилен раст благодарение на стабилниот раст и зголеменото ниво на овие пласмани. Каматните приходи од пласмани кај секторот компании се пониски од минатата година поради пазарниот притисок на каматната стапка кај кредитите на правни лица и цикличниот карактер во движењето на овие пласмани, што во дел беше компензирано со остварениот пораст, додека кај пласманите во хартии од вредност имаме намалување на каматните приходи поврзано со пониските каматни стапки, и соодветно на тоа понизок обем.

Каматните трошоци бележат зголемување за 21 милиони денари, или за 6,2 %, резултат на зголемениот обем на депозити и приспособување на каматните стапки на депозитите во согласност со условите на пазарот, како и зголемените каматни трошоци по основ на субординирани обврски.

Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 316,2 милиони денари, е зголемен за 35,5 милиони денари, или за 12,6%, во однос на истиот период минатата година, со реализација на планот од 103,0%. Приходите од провизии и надоместоци бележат посилен раст од 56,4 милиони денари со позитивен придонес на провизиите од платните системи, провизиите од услуги кај кредитните производи, издадени гаранции, картичното работење, ново воведените производи како пакетите и електронско и мобилно банкарство, додека зголемувањето на трошоците за провизии и надоместоци изнесува 20,9 милиони денари, на што најголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 136 милиони денари, и се зголемени за 10,5 милиони денари или за 8,4 % во споредба со истиот период од минатата година, со реализација на планот од 102%.

Во анализираниот период е остварено ослободување на исправката на вредноста на нефинансиските средства во износ од 8,4 милиони денари што се однесува на депризнавање (искнижување) на ревалозирациската резерва при продажба на преземени средства.

Другите приходи изнесуваат 147,7 милиони денари во што се вклучени остварените приходи од отстапување на претходно отпишани побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од 2018 година изнесува 381,5 милиони денари и, споредено со истиот период во 2017 година, е помала за 108,5 милиони денари, односно за 22,1 %.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ декември изнесуваат 761,9 милиони денари, се пониски од планираното за 5%, а споредено со претходната година, бележат намалување од 13,8 милиони денари, или 1,8%. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработените, амортизацијата, трошоците за одржување, додека кај сите останати ставки е евидентирано намалување.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange