Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје оствари добивка од 4,3 милиони евра за 2019 година

Објавено

на

Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од 2019 година изнесува 42.334 милиони денари и е за 4,3% над планираното. Споредено со крајот на 2018 година, е на повисоко ниво за 2.775 милиони денари или за 7,0%, како резултат на порастот на клиентските депозити и повлечени средства по основ кредитни линии од меѓународните финансиски институции.

Депозитите на клиентите, со учество од 70,7%, се доминантен извор на финансирање на активностите на Банката, и во споредба со крајот на минатата година бележат пораст од 787 милиони денари или 2,7% и се во линија со планираниот износ.

Во вкупните клиентски депозити, депозитите на правни лица (нефинансиски и финансиски друштва) учествуваат со 54,7%, депозитите на население учествуваат со 45,3%.

Депозитите од правни лица бележат зголемување од 128 милини денари или 0,8% , при што средствата на трансакциските сметки бележат пораст од 266 милиони денари, додека орочените депозити намалување од 138 милиони денари. Врз движењето на депозитите од правните лица во текот на годината и на нивната состојба на крајот на годината, покрај цикличниот карактер, влијание има и движењето на депозитите од големите и интернационални клиенти поврзано со нивните комерцијални активности и ликвидносни потреби и планирања на ниво на матични групации.

Депозитите од население споредено со 2018 година, се зголемени за 658 милиони денари или за 5,1%, при што депозитите по видување бележат пораст од 6,9%, додека орочените депозити пораст од 4,0%.

Депозитите од банки бележат зголемување за 650 милиони денари односно 95,3% споредено со крајот на минатата година резултат на краткорочно орочените депозити од матичната банка – Штаермеркише Банк и Шпаркасен АД.

Средствата од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 9,5% , во кои се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, Развојна банка на С.Македонија, ГГФ, ЕФСЕ, и споредено со крајот на 2018 година бележат зголемување за 24,4%. Порастот е резултат на новоповлечените средства од кредитната линија од ЕФСЕ и кредитна линија од ЕБРД.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 4.530 милион денари и бележат зголемување за 5,6% споредено со претходната 2018 година, како резултат на алокацијата на профитот на Банката од претходната година во нераспределена добивка и резерви, што е во согласност со планот на Банката за јакнење на капиталната основа во функција на поддршка на порастот на комерцијалните активности на Банката.

На страната на активата, расположливите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти, кои учествуваат со 68,2%, потоа следуваат паричните средства и парични еквиваленти кои учествуваат со 26,8%, пласманите во хартии од вредност со 2,8% и другите средства со 2,2%.

Вкупните бруто-кредити на комитентите на крајот од 2019 година изнесуваат 30.930 милиони денари, од кои 53,6% се кредити на правни лица, а 46,4% се кредити на физички лица. На годишно ниво, вкупните кредити на комитентите се зголемени за 474 милиони денари или за 1,6% со реализација на планот од 95,8%.

Кај кредитите на население според типот на производите најголемо е учеството на потрошувачките кредити со 41,7%, следат станбените кредити со учество од 38,4%, хипотекарните кредити со 10,5%, кредитните картички учествуваат со 3,7%, пречекорувањата со 3,1% и останати со 2,6%.

Пласманите во ликвидната актива се во согласност со ликвидносните потреби на Банката, со рочниот и со валутниот аспект на средствата и на изворите и со одржувањето на нивото на задолжителната резерва, со соодветно запазен профитабилен аспект.

Кумулативниот реализиран финансиски резултат пред оданочување за периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година изнесува 263,3 милиони денари со реализација на планот од 45,4%. На остварениот резултат големо влијание имаа повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства и намалувањето на нето каматната маргина, додека пак нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики бележат зголемување споредено со претходната година.

Нето-приходите од камати на крајот од 2019 година изнесуваат 1.109 милиони денари и во однос на минатата година се намалени за 61,8 милиони денари, или за 5,3% со реализација на планот од 92,6%. Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства.

Приходите од камати бележат намалување за 8,9 милиони денари во најголем дел резултат на пониските каматните приходи од пласмани кај секторот компании кој беше под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки, додека намалувањето на приходите од камати кај пласманите во хартии од вредност (благајнички и државни записи) е поврзано со значајно намалените каматни стапки од страна на НБРСМ и Министерство за фининансии за соодветните пласмани . Приходите од камати на кредитите кај население и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на зголемената состојба.

Каматните трошоци бележат зголемување за 52,9 милиони денари или за 14,7%, што е резултат на зголемениот обем на депозити на клиентите, орочени депозити на финансиски институции заради  приспособувањето со условите на пазарот, како и на користење на нови кредитни линии.

Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 334,2 милиони денари, е зголемен за 18 милиони денари или за 5,7% во однос на минатата година и 6,3% над планираниот износ.  Приходите од провизии и  надоместоци бележат посилен раст од 39,2 милиони денари, со позитивен придонес на провизиите од платните системи, провизиите од услугите кај кредитните производи, издадените гаранции, картичното работење, новововедените производи како пакетите, електронското и мобилното банкарство, додека зголемувањето на трошоците за провизии и за надоместоци е за 21,2 милиони денари во однос на претходната година, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење и управувањето со готовина.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 151,4 милиони денари, и се зголемени за 15,6 милиони денари или за 11,3% во споредба со истиот период од минатата година, со реализација на планот од 113,3%.

Другите приходи изнесуваат 130,3 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се намалени за 17,4 милиони денари  или 11,8% што е резултат на  намалените приходи од наплатени претходно отпишани побарувања по главница и камата.  Дополнителен ефект на износот на други приходи во минатата година имаше и реализираната капитална добивка од продажба на преземен објект.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од  2019 година изнесува 685,3 милиони денари и, споредено со истиот период во 2018 година, бележи зголемување од 303,9 милиони денари, на што влијание имаше и усогласувањето со  групациските политики и станарди .

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ декември изнесуваат 776,3 милиони денари, се во линија со планираниот износ, а споредено со претходната година, бележат зголемување од 14,4 милиони денари, или 1,9% во услови на зголемен обем на активностите и на вкупното работење на Банката.

Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработените, трошоците поврзани со зголемените деловни активности и тоа: трошоците поврзани со картично работење, трошоци за транспорт на готовина, трошоци за хардвер, осигурување на депозити, трошоци за поштенски услуги,трошоци за судски спорови, додека кај сите останати ставки се бележи намалување.

Очекувања за следниот период

Во текот на 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната  Штаермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Австрија и пошироко Ерсте групација.

Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта при што целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар, имајки предвид дека Охридска банка претходно беше дел од силна мегународна финансиска групација со слична деловна стратегија, стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите, кои параметри се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасен.

Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и  да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис.

За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжи да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите. За постојните клиенти на Охридска банка ке се овозможат дополнителни бенефити поврзани со географскиот регион каде е присутна Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасе, на пример повлекувања на готовина од банкомати на Групацијата без провизии и сл.

Како еден од најголемите странски инвеститори во земјава, Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасе, преку постоечките ентитети ке продолжи да ги интензивира своите активности за поддршка за привлекување на уште квалитетни стратешки странски инвеститори во земјата, активно промовирање и поддршка на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Со цел подршка за амбициозните развојни планови, како и исполнување на локалните регулаторни барања, групацијата ке ја обезбеди потребната капитална подршка согласно локалната регулатива.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно