Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје оствари добивка од 6,3 милиони евра за девет месеци од 2019 година

Објавено

на

Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2019 до 30.9.2019 година изнесува 385,6 милиони денари. На остварениот резултат влијание имаа порастот на нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики, но и повисокиот раст на исправката на вредноста на финансиските средства, намалувањето на нето приходите од камати и останатите приходи поради што остварениот резултат бележи намалување за 146 милиони денари или 27,5 % во споредба со истиот период минатата година.

Нето-приходите од камати на крајот од септември 2019 година изнесуваат 831,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 41 милиони денари, или за 4,7 %. Реализацијата на нето каматните приходи е под влијание на пазарниот притисок на каматните маргини, односно намалувањето на активните каматни стапки кое не е следено со исто темпо на страната на пасивните каматни стапки.

Приходите од камати бележат зголемување за 4,2 милиони денари во најголем дел поради порастот на приходите од камати на кредитите кај население кои и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на зголемената состојба. Каматните приходи од пласмани кај секторот компании се пониски споредено со истиот период минатата година поради пониските каматни стапки, додека кај пласманите во хартии од вредност (благајнички и државни записи) имаме намалување на каматните приходи поврзано со значајно намалените каматни стапки.

Каматните трошоци бележат зголемување за 45,2 милиони денари, или за 17,03 %, резултат на зголемениот обем на депозити на клиенти, како и зголемените каматни трошоци по основ користени средства од меѓународните финансиски институции поради зголемениот обем.

Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 255,7 милиони денари, е зголемен за 22,3 милиони денари, или за 9,5 %, во однос на истиот период минатата година. Приходите од провизии и надоместоци бележат посилен раст од 40,0 милиони денари со позитивен придонес на провизиите од платниот промет во земјата, провизиите од услуги кај кредитните производи, издадени гаранции, картичното работење, ново воведените производи како пакетите, електронското и мобилно банкарство. Зголемувањето на трошоците за провизии и надоместоци изнесува 17,7 милиони денари, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење, зголемениот број корисници на новите услуги односно услугата – mass mailing, зголемени надоместоци на активностите на управување со готовината поради промена на тарифникот на надоместоци за услугите од НБРСМ, пораст на надоместоци за трансфер на ефективни парични средства, зголемени административни надоместоци за користење на нови кредитни линии од меѓународни финансиски институции

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 113,3 милиони денари, и се зголемени за 15,6 милиони денари или за 16,01 % во споредба со истиот период од минатата година.

Другите приходи изнесуваат 86,1 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се намалени за 25,2 милиони денари што е резултат на намалените приходи од наплатени претходно отпишани побарувања по главница и камата. Дополнителен ефект на износот на други приходи во минатата година имаше и реализираната капитална добивка од продажба на преземен објект.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од септември 2019 година изнесува 321,8 милиони денари и, споредено со истиот период во 2018 година, бележи зголемување од 89,1 милиони денари, односно од 38,3 %. Зголемувањето на износот на исправката е поради повисоката кредитна изложеност како и зголемената исправка кај клиенти на Банката кои се соочија со тешкотиите во исполнувањето на обврските.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ септември изнесуваат 579,5 милиони денари, а споредено со претходната година, бележат зголемување од 20,2 милиони денари, или 3,6 %. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработените, трошоците поврзани со зголемените деловни активности и тоа: трошоците поврзани со картично работење, трошоци за транспорт на готовина, трошоци за хардвер, осигурување на депозити, трошоци за поштенски услуги, додека кај сите останати ставки се бележи намалување.

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно