Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје оствари добивка од 3,2 милиони евра во првиот квартал од 2018 година

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза го објави финансискиот извештај за првите три месеци од 2018 година.

Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 01.01 до 31.03 2018 година изнесува 199,6 милиони денари наспроти остварениот финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 101,1 милиони денари , односно бележи зголемување од 98,5 милиони денари, или 97,4% .

Нето приходите од камати на крајот од првиот квартал од 2018 година изнесуваат 289,5 милиони денари,споредено со остварените нето приходи од камати во истиот период минатата година од 290,1 милиони денари односно се намалени за 622 илјади денари или 0,2 %, во кој подеднаков придонес има намалувањето на каматните расходи како и намалувањето на каматните приходи.

Приходите од камати бележат намалување во најголем дел поради пазарниот притисокот на активните камати кај секторот компании како и пониските каматни приходи од пласманите во хартии од вредност поврзано со пониските каматни стапки и соодветно на тоа понизок обем.
Каматните трошоци бележат намалување за 3,7 милиони денари како резултат на прилагодувањето на каматните стапки на депозитите од компании и помалиот обем на користени странски кредитни линии.

Во анализираниот период, нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 70,3 милиони денари и бележат зголемување за 8,5 милиони денари, при што приходите од провизии се повисоки за 11,2 милиони денари со позитивен придонес на провизиите од платните системи, додека трошоците за провизии и надоместоци бележат раст за 2,7 милиони денари, што соодветно имаше влијание на вкупниот нето износ спореден со минатата година.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 28,6 милиони денари и се намалени за 2,3 милиони денари, или за 7,3 % во споредба со истиот период минатата година.

Другите приходи изнесуваат 23,8 милиони денари и во најголем дел се однесуваат на реализираната капитална добивка од продажба на преземени средства, како и остварени приходи по основа наплатени претходно отпишани пласмани.

Во анализираниот период е остварено ослободување на исправката на вредноста на нефинансиските средства во износ од 8,4 милиони денари кое се однесува на депризнавање (искнижување) на ревалозирациската резерва при продажба на преземени средства.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа на крајот од првиот квартал на 2018 година изнесува 39,1 милиони денари и споредено со истиот период 2017 година бележи намалување од 84,2 милиони денари односно 68,2 %.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ март изнесуваат 181,8 милиони денари и споредено со истиот период претходната година, се намалени за 8 милиони денари. Трошоците за вработени се пониски за 0,7 %, трошоците за амортизација се повисоки за 7,6 %, додека останатите расходи од дејноста се пониски за 9,3% во најголем дел како резултат на намалување на премијата за осигурување на депозити поврзано со намалувањето на годишната стапка на премијата на осигурување во ноември 2017 година.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со добивка

Објавено

на

Во второто тримесечје од 2018 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат, кој е на линија на поставените цели од деловниот план. Како резултат на континуираниот нагорен тренд во доменот на кредитирањето, при истовремено задржување висок квалитет на кредитното портфолио и насоченоста кон подобрувањето на оперативната ефикасност, евидентиран е пораст на каматните приходи од 6,56% во однос на истиот период од минатата година. Банката бележи и значителен раст на депозитите, особено во сегментот население. Растот на депозитите генерираше зголемени расходи за камата за 7,41%, но, сепак, нето-ефектот кај приходите од камата е позитивен и е зголемен за 6,14% во однос на истиот период минатата година.

Поради определбата на Банката за зголемување на обемот на работа преку понуда на промотивни и подостапни услуги за своите клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат намалување за 5,50%, споредено со истиот период минатата година.

Банката во второто тримесечје го задржа одличниот квалитет на кредитното портфолио и покрај евидентираниот мал раст на исправката на финансиските средства. Зголемувањето на исправката делумно  произлегува од растот на кредитното портфолио, а дел од последователното мерење на кредитниот ризик на зрелото кредитно портфолио. Во овој период Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во делот на останатите приходи од дејноста, Банката го задржа речиси истото ниво во однос на минатата година, додека кај нето-приходите од курсни разлики, оствари незначително намалување.

Позицијата трошоци за вработените забележа зголемување за 5,42% во однос на минатата година, поради растот на бројот на вработените и континуираното вложување во постојните вработени.

Напредокот во делот на оперативната ефикасност се гледа и преку остварените заштеди евидентирани во позицијата останати расходи од дејноста, при што истите се за 2,60% пониски од минатата година.

Продолжи со читање

Домашни банки

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 година

Објавено

на

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МФ, УЈП и МБА ќе соработуваат за целосна заштита на податоците на граѓаните

Објавено

на

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската Банкарска Асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Беше договорено прецизирање на текстот кое ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава.

Податоците кои ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од Европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход.

УЈП и Македонската Банкарска Асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange