Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје од петок (26-ти јуни) почнува со исплата на јунските пензии

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје од петок (26 јуни, 2020 година) почнува со исплата на пензиите за јуни 2020 година. Од 26 јуни пензиите ќе бидат достапни за подигнување преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија каде што подигнувањето средства од дебитна картичка е без провизија.

Исплатата на јунската пензија преку благајните во експозитурите на Охридска банка АД Скопје почнува од 26 јуни според однапред дефиниран распоред односно:

Датум

Висина на пензија

26.06.2020 год. (петок)

До 11.000 денари

29.06.2020 год. (понеделник)

11.001 – 14.000 денари

30.06.2020 год. (вторник)

14.001 – 18.000 денари

01.07.2020 год. (среда)

Над 18.001 денари

Дефинираниот распоред за исплата на пензија е донесен за да се намали бројот на клиенти во експозитурата и со тоа да се зачува здравјето на клиентите и вработените.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да внимаваат на препораките за заштита од Корона вирусот при посета на експозитурите на Банката. Носењето респираторна маска е задолжителна обврска при влез во објектите на Банката, како и чекањето ред на пропишано растојание од 2 метри. Во сите објекти на Банката се достапни дезинфициенси.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 8,3 милиони денари во првото полугодие од 2020 година

Објавено

на

Во периодот март-јуни 2020 година, македонската економија се одвиваше во услови на прогласена вонредна состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Костовски: Народната банка изврши холокауст во банкарскиот сектор врз Еуростандард банка

Објавено

на

Најголемиот акционер во Еуростандард Банка АД Скопје, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото за ликвидација на Еуростандард банка се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите навреме. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно