Connect with us

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје издаде 77.764 нови акции

Објавено

на

Охридска Банка АД Скопје известува дека Приватната понуда на хартиите од вредност одобрена со Решение УП 1 број 10-132 од 10.01.2018 година на Комисијата за хартии од вредност, е запишана и платена на ден 06.02.2018 година .

Од понудените 77.764 обични акции со право на глас хартии од вредност, продадени се 77.764 обични акции со право на глас хартии од вредност, во вкупен номинален износ од 206.074.600,00 денари и продажна вредност во вкупен износ од 430.501.504,00 денари со што продажбата е реализирана со процент на реализација од 100%.

Хартиите од вредност на ден 16.02.2018 година се упишани во трговскииот регистар и ќе бидат упишани во депозитарот на хартии од вредност. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во депозитарот за хартии од вредност.

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange