Домашни банки
Охридска банка АД Скопје го објави финансискиот план за периодот од 2018 – 2022 година

Стратегијата на Охридска банка АД Скопје за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во трите пазарни сегменти: индивидуални клиенти; МСП (Мали и средни претпријатија) и Големи корпоративни клиенти (Домашни и меѓународни компании), наведе Банката во финансискиот план објавен на Македонска Берза.
Секако кај секој од овие сегменти ќе се прави избор на клиентите коишто се сметаат за најквалитетни и најмалку ризични, клиенти правни лица кои имаат стабилен профитабилен раст и развој и индивидуални клиенти кои имаат стабилни приходи, вработени во добростоечки компании, клиенти вработени во јавната администрација. Дополнителен сегмент на кој што во наредниов период ќе се стави поголем фокус се дел од Општините и Јавните претпријатија во РМ, и тоа исклучиво тие што остваруваат позитивни финансиски резултати и имаат одржливи и општествено корисни проекти.
Фокусот ќе биде ставен на развивање долгорочни и стабилни односи со постојните и со новите корпоративни и индивидуални клиенти од дефинираните целни групи, каде Банката ќе биде препознаена како партнер, притоа користејќи што е можно поголем број на производи и услуги (пакет на производи). Главен приоритет на Банката во наредниот период ќе биде обезбедувањето врвна услуга. Во исто време, ќе се интензивираат напорите при „вкрстената продажба“ и зголемување на стапката на бројот на производи по клиент. Во оваа насока, веќе воспоставената успешна соработка меѓу корпоративниот и индивидуалниот сектор ќе се интензивира уште повеќе, со цел да се зголеми задоволството на клиентите, со истовремена корист на Банката од друга страна.
Покрај кредитните производи, целта е да се продадат што е можно поголем број останати производи и услуги, вклучувајќи ги и депозитите, каде што исто така е предвиден раст на депозитната база кај сите сегменти на клиенти. Притоа, фокусот е ставен на стабилноста и на безбедноста наспроти цената. Депозитната база е основен извор на финансирање кој го обезбедува и кредитниот раст на банката. Банката на располагање има и други извори за подршка на кредитната активност, пред се достапноста на извори од Групацијата, како и кредитните линии од меѓународните финансиски институции кои остануваат значаен извор за подобрување на конкурентската предност на Банката.
Задржувањето на постоечките и придобивање на нови клиенти, е можно само со пружање на високо ниво на услуга, одржување и градење на стабилни, долгорочни, партнерски односи. Ваквото ниво на услуга ќе се овозможи со соодветна симплификација, дигитализација и автоматизација на процесите, нешто во што Банката планира засилено да инвестира во следниот период.
Сето погоре наведено, преточено во неколку показатели би значело: одржување на стабилен раст на кредитното портфолио од близу 8% на годишно ниво, а со тоа да се обезбеди зголемување на пазарниот удел кај кредитите од 8,75% на крајот од вториот квартал на 2017 година до 9.6% во 2022 година; одржување на стабилен раст на депозитното портфолио од околу 6% на годишно ниво, а со тоа и зголемување на пазарниот удел кај депозитите од 6,88% на крајот од вториот квартал на 2017 година до 7,13% во 2022 година.
Кредитниот раст ќе се остварува и одржува во услови на зголемен квалитет при кредитната анализа на новите барања, засилен мониторинг на веќе одобрените кредити, односно на целокупното работење на клиентите, како и навремено преземање на соодветни мерки во случај кога ќе се идентификуваат одредени проблеми, финансиски потешкотии кај компаниите и населението.
Целиот развоен план и деловната политика со финансискиот план на ОБСГ можете да ги погледнете на следниов линк.
Домашни банки
Комерцијална банка се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! (more…)
Домашни банки
Стопанска банка а.д Битола со нови престижни награди и меѓународни признанија од реномираниот магазин ,,Global Banking & Finance’’

Светски познатиот, реномиран финансиски магазин ,,Global Banking & Finance’’ на Стопанска Банка АД Битола по трет пат и ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка АД Скопје со значителен учинок кон добивката на НЛБ Групацијата од 225,1 милиони евра и добитник на Europe Banking Awards

НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни евра што претставува зголемување за 105% во однос на претходната година. (more…)
-
Интервјуапред 2 месеци
Очекувања на г-дин Билал Суџубаши [Халкбанк] за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година
-
Сметкипред 3 недели
КИБС спроведува дигитализација во работењето и 24/7 достапен платен промет
-
Банкипред 4 недели
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал
-
Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
НБРМпред 3 недели
Регулаторните институции се состанаа со цел утврдување на нивото на финансиска писменост на населението
-
Електронско банкарствопред 3 недели
Аплицирајте за Моја банка мобилното банкарство преку Вашата електронска банка
-
Анализипред 3 недели
ТТК Банка АД Скопје го објави финансискиот план за периодот од 2018 – 2020 година