Connect with us

Останато

Крсте Шајноски избран за нов претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Објавено

на

Собранието на денешната 123 седница со 54 гласа „за“ го изгласа Крсте Шајноски за нов претседател на Советот за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Шајноски беше предложен од Владата во ноември, откако му истече мандатот на неговиот претходник Климе Попоски, кој беше два мандати на чело на Советот на експерти на Агенцијата од ноември 2009 година.

Шајноски ќе го замени Попоски на челната позиција во Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување во следните пет години.

На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор на постдипломските студии на Институтот за бизнис и економија.

Шајноски е доктор и магистер по економски науки и дипломиран економист во областа Финансии и банкарство, а поседува и лиценци за брокер и инвестиционен советник.

Тој е надворешен консултант на Илирика фунд менаџмент АД Скопје и еден од сопствениците на порталот Фактор.мк.

 

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Градоначалникот на Њујорк првата плата ја добива во криптовалути

Објавено

на

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Богатството на милијардерите за време на пандемијата се зголеми повеќе отколку во изминатите 14 години

Објавено

на

Двојно е зголемено богаството на десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на падемијата со коронавирусот – од 700 милијарди долари на 1,5 илјади милијарди долари, или во просек 1,3 милијарди долари дневно, се наведува во извештајот на невладината организација „Оксфам”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно