Connect with us

Анализи

ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ: Колкаво е нивото на адекватност на капиталот кај македонските банки?

Објавено

на

Дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје беше одземена, по претходно исполнување на услови за отворање на стечајна постапка поради тоа што банката повеќе не била солвентна, односно стапката на адекватност на капиталот била пониска од една четвртина (1/4) од пропишаната во Законот за банки.

Преку проценката на адекватноста на капиталот, регулаторот ја проценува солвентноста на банката односно нејзината способност да ги исплати доспеаните обврски.

Според Член 65 од Законот за банки, секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8%.

Сопствените средства на Банката се дефинирани согласно со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за утврдување на адекватноста на капиталот („Службен весник на Република Македонија“ бр, 218/16) која стапи во сила од 1.3.2017 година, кои се состојат од:

• редовниот основен капитал не смее да биде понизок од 4.5% од активата пондерирана според ризиците (стапка на редовен основен капитал),

• основниот капитал не смее да биде понизок од 6% од активата пондерирана според ризиците (стапка на основен капитал) и

• стапката на адекватност на капиталот не смее да биде пониска од 8% од активата пондерирана според ризиците.

Гувернерот може да пропише повисоки стапки од пропишаните за една или повеќе банки во земјата, доколку е тоа потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности, вклучувајќи ги и ризиците кои произлегуваат од макроекономското опкружување.

Што се случувало на релација Народна банка – Еуростандард банка во изминатиот период?

  • Започнувајќи од 2013 година, Народната банка постојано изрекувала мерки кон Еуростандард банка при што за банката во континуитет важеле повисоки супервизиски стандарди од минималните пропишани во Законот за банки.
  • На 31 март 2019 година, со вонтеренско следење Народната банка утврдила значаен износ на неиздвоена исправка на вредност која резултирала со поткапитализираност на Банката.
  • Со решение на гувернерот на Народната банка бр. 15-16805/1 од 15 мај 2019 година, Еуростандард банка била задолжена да достави План за подобрување на состојбата.
  • Една од клучните мерки во Планот за подобрување на состојбата, била докапитализација со цел достигнување на повисока стапка на адекватност на капиталот, односно достигнување заштитен слој за зачувување на капиталот од 2,5% до крајот на 2019 година.
  • Поради непочитување на супервизорските стандарди и неусогласености со Законот за банки и подзаконската регулатива, Народната банка со Решение на гувернерот бр. 15-16805/1 од 12 август 2019 година извршила зајакнување на изречените корективни мерки со ограничување на кредитните активности на Банката.
  • Со Решение на Гувернерот бр. 15-3539/1 од 4 февруари 2020 година,  имајќи ја предвид докапитализацијата, Банката се задолжила да спроведе Ревидиран план за подобрување на состојбата на Банката за периодот 2020-2021 година.
  • Имајќи ја предвид неизвесноста за реализација на Ревидираниот план, односно достигнување на потребната докапитализација и поаѓајќи од потребата за превентивно делување од понатамошно влошување на состојбата на Банката, Гувернерот со решение бр. 15-13672/1 од 22 мај 2020 година изрекол дополнителни мерки за ограничување на кредитирање на физички лица, наложување секој нов депозит да се пласира во висококвалитетна актива и забрана за вршење на трансакции кои значат директна или индиректна исплата на депозити на акционери и поврзани лица.
  • Со Решение на Гувернерот бр. 15-14082/1 од 1 јуни 2020 година повлечена е согласноста за извршување на финансиските активности кои Банката може да ги врши доколку износот на сопствени средства е помал од 560 милиони денари.
  • Во извештајот за стапка на адекватност на капиталот, со состојба 30 јуни 2020 година за Еуростандард банка оваа стапка изнесувала 5,55% при ниво на сопствени средства од 326 милиони денари.
  • На 13 јули 2020 година, Банката доставила извештајот од Одборот за ризици, разгледан и усвоен на 179-та седница на Надзорниот одбор каде адекватноста на капиталот има негативна вредност.
  • Согласно последните податоци, преку вонтеренско следење на Банката, Народната банка утврдила неиздвоена исправка на кредитното портфолио во вкупен износ од 546 милиони денари и со вклучувањето на оваа вредност на неиздвоена исправка, со состојба на 30 јуни 2020 година сопствените средства биле во негатива од -220 милиони денари, а стапката на адекватност на капиталот изнесувала негативни -4,14%.
  • Со решение на Гувернерот на Народната банка бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година донесено е решение за отворање на степајна постапка во Еуростандард банка АД Скопје.

Како се влошува вредноста на адекватност на капиталот?

Наједноставната дефиниција, која ќе биде разбирлива за широката маса на читатели е дека стапката на адекватност на капиталот се влошува преку лоша проценка на кредитен ризик. Кога банката одобрува кредит, на истиот согласно категоризацијата на клиентот му одредува степен на ризик на тој кредит (на пример 5%) и врз база на овој степен на ризик банката издвојува одреден износ за резерва согласно методологијата на Народната банка. Реалниот проблем, односно влошување на оваа вредност на адекватност на капиталот, настанува кога кредитот не се враќа редовно, односно е поризичен отколку што е иницијално проценет и банката за тој кредит потребно е да идзвои да речеме 20% резервации.

Во случајот на Еуростандард банка, поради лоша проценка на кредитниот ризик и несогледување на бихејвиористичкиот рејтинг на клиентите банката не издвојувала дополнителна резерва и поради тоа стапката на адекватност на капиталот не била поставена на соодветно ниво со што банката не ги преземала конкретните мерки за зачувување на вредноста на овој показател на соодветното ниво.

Колкаво е нивото на адекватност на капиталот кај македонските банки?

Капитал банка АД Скопје (23,17%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Стопанска банка а.д. Битола (18,90%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Централна кооперативна банка АД Скопје (18,36%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Комерцијална банка АД Скопје (17,62%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Халкбанк АД Скопје (17,45%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

ТТК Банка АД Скопје (16,93%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Силк Роуд Банка АД Скопје (16,83%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

НЛБ Банка АД Скопје (16,7%), финансиски извештај од 31.12.2018 година.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (16,5%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Стопанска банка АД – Скопје (16,3%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

Охридска банка АД Скопје (16,12%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

УНИБанка АД Скопје (14,46%), финансиски извештај од 31.12.2019 година.

ПроКредит Банка АД Скопје (13,74%), финансиски извештај од 30.06.2020 година.

Еуростандард банка АД Скопје (5,55%), финансиски извештај од 30.06.2020 година. Реално ниво на стапка на адекватност на капиталот по спроведена вонтеренска супервизија од страна на Народната банка (-4,14%).

Народната банка има изработено детално Упатство за спроведување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот кое е јавно достапно на веб страната на регулаторот.

Сите документи поврзани со адекватноста на капиталот кај домашките банки можете да ги погледнете ТУКА.

Анализи

Оштетените штедачи во Еуростандард со апел: Актерите во пропаѓањето на банката да добијат оскар!

Објавено

на

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи

Објавено

на

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Главни акценти за периодот јануари – септември 2020 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно