Connect with us

Електронско банкарство

Отсега услугите на НЛБ мКлик мобилното банкарство достапни за лицата со оштетен вид

Објавено

на

НЛБ Банка во соработка со софтверската компанија Asseco SEE направи значајни подобрувања на функционалностите на постоечката НЛБ мКлик апликација благодарение на кои таа отсега е достапна за употреба од страна на лицата со оштетен вид.

Со новите подобрувања на НЛБ мКлик мобилното банкарство, апликацијата е прилагодена да биде читлива за функционалноста “вграден гласовен читач” кој треба да е инсталиран и достапен на самиот мобилен телефон на корисникот. На овој начин клиентите со оштетен вид, отсега, ќе можат непречено да имаат увид во сите свои сметки, да ги извршуваат сите банкарски трансакции, да ги ажурираат своите податоци, да аплицираат за мобилен кредит – едноставно и дигитално благодарение на гласовниот водич. Оваа функционалност која е единствена на пазарот, придонесува на подигнување на квалитетот на живеење на лицата со оштетен вид, овозможувајќи самостојно користење на банкарските услуги во секое време и секое место.

Навистина сме горди на ова подобрување бидејќи за првпат во нашата земја се воведува ваков тип на услуга каде мобилното банкарство е достапно за клиентите со оштетен вид. Благодарение на современите технолошки придобивки успеавме да го поддржиме гласовниот читач кај телефоните, со што банкарските трансакции отсега можат да се реализираат преку мобилното банкарство следејќи ги гласовните инструкции. На овој начин, заедно со нашиот партнер Asseco SEE, ја подигнуваме достапноста на банкарските услуги за сите клиенти, со што ја потврдуваме позицијата на општествено одговорни компании. Исто така би сакале да укажеме благодарност и до „Сојузот на слепи лица” кои несебично ги споделија со нас предизвиците со кои тие се соочуват како и потребите за надминување на истите.“- изјавија од Банката.

Како што известуваат од Банката, дигатилизацијата како еден од нивните стратешки приоритети ќе продолжи да се развива со забрзано темпо и во иднина, со цел да се зајакне и зголеми достапноста на нивните продукти и услуги до крајните корисници.

Електронско банкарство

„Ready, set, grow! – тема на четвртата годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

Под мотото „Ready, set, grow!” на 12 ноември 2021 година (петок) по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка воведува провизија за користење на електронско банкарство за целосен пристап за физички лица

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Банката ќе прави прилагодувања во Одлуката за тарифи и надоместоци за услуги кои ги врши банката поврзани со услугите за електронско банкарство за физички лица кои ќе бидат во важност од јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ го збогатува електронското банкарство со нови функционалности

Објавено

на

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство. (more…)

Продолжи со читање



Популарно