Connect with us

Странски банки

ОТП Банка ја превзема Societe Generale во Албанија и Бугарија

Објавено

на

Унгарската ОТП банка се согласи да земе 99,74% удел во бугарските филијали на Societe Generale Group и 88,89% од акциите во Албанија.

– Набавката дополнително ќе ја зајакне позицијата на пазарот на ОТП група во Бугарија – рече унгарската банка во врска со купувањето на бугарската Експресбанк.

Аквизицијата во Бугарија ќе се реализира преку локалниот филијала на ОТП на ДСК Банка.

Во посебна изјава, ОТП банка објави дека се согласила да преземе 88,89% од акциите во Societe Generale Албанија.

Двете трансакции треба да се завршат во последниот квартал од тековната година, во зависност од одобрувањето на регулаторот, велат од ОТП Банка.

ОТП банка во посебна изјава рече дека преговара со Societe Generale за склучување на договор со кој ќе се овозможи обезбедување на заеднички услуги во разни банкарски области во Албанија, Бугарија, Хрватска и Унгарија, кои ќе вклучуваат инвестициско банкарство, пазари на капитал, финансирање и глобално трансакциско банкарство.

 

Странски банки

Шиф: Големите банки пред ризик поголем од било кога

Објавено

на

Светот се соочува со нова економска криза, која ќе биде поголема од онаа пред десет години, предупредува американскиот економист Нуриел Рубини, Со него се согласни голем број колеги меѓу кои и Питер Шиф .

– Големите банки се пред голем ризик, многу поголем отколку порано. Денес се повеќе се изложени на удар од рецесија, системските ризици се многу поголеми отколку што беа во 2008 година, изјави Шиф. Тој додаде дека некои од тие банки требало да пропаднат пред десет години.

– Социјалниот мир што некои влади го заговараа всушност е грешка и спасени се банки на кои требаше да им се дозволи да пропаднат. За жал, од последната криза не се научени лекции. Ги повторуваме и ги прошируваме сите грешки што ја предизвикаа последната криза, и така „обезбедија“ следната криза да биде многу полоша, нагласи Шиф.

Според него, сите проблеми што ја предизвикале финансиската криза од 2008 година денес се уште поголеми.

– Се полошата монетарна и фискална политика од минатата криза гарантира дека следната ќе биде многу полоша. Кризата ќе биде слична единствено по тоа што виновниците ќе бидат и владите и што оддеднаш сите ќе бидат изненадени, но ќе биде поинаква само по тоа што ќе биде многу полоша, смета Шиф.

Тој додава дека и новата криза за разлика од претходната ќе ја карактеризира пред се, должничкото ропство во САД.

– Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цените на златото пак ќе се зголемат, ќе растат цените на потрошувачките стоки, предупредува тој економист.

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во промет во мај 2019

Објавено

на

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе влезат во оптек на 28-ми мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Денес, новите банкноти се презентираат јавно за прв пат во седиштето на ЕЦБ во Франкфурт.

Нивниот нов дизајн има за цел да го отежни фалсификувањето. ЕЦБ веќе претстави побезбедни банкноти од 10, 20 и 50 евра.

Банкнотите од 500 евра повеќе нема да бидат печатени. Во 2016-та година, институцијата одлучи да ги повлече банкнотите од 500 евра кои наводно ги користеле во сите видови нелегални трговии до крајот на 2018-та година.

Новата банкнота од 5 евра беше лансирана во 2013-та година, од 10 евра во 2014-та година и 20 евра во 2015-та година, додека новата банкнота со номинација 50 беше воведена во 2017-та година.

Продолжи со читање

Странски банки

Дали Дојче Банк може да пропадне?

Објавено

на

Во Франкфурт се одржа собир на банкарскиот сектор под насловот: банките во преломна фаза. Главна дискусија се разви кога еден аналитичар изјави дека на германските банките не им гледа светла иднина.

Аналитичарот Стјуарт Греам почна со изјавата дека не сака да биде Црниот Петко на самитот. „Сепак морам да ви кажам дека речиси сите мои клиенти сметаат дека германскиот банкарски систем не е добар за во него да ги вложат нивните пари.”

Греам во финансиската сектор ужива голем углед како аналитичар. Меѓу неговите клиенти во фирмата „Autonomous Research” има многу од најпотентните инвеститори на светот. А, тие како и самиот Греам очигледно имаат песимистичка слика за германскиот банкарски систем.

„По ниската оцена на пазарот на акции, јасно се гледа дека инвеститорите имаат големи задршки во однос на овие банки.” – додаде тој.

Шефот на Дојче банк, Зевинг вели дека компанијата успешно се позиционирала „во дел од платежниот сообраќај”, но нема споредба со класичните банки и затоа технолошката компанија не ги гледа како конкуренција.

 

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange