Connect with us

Странски банки

ОТП Банка ја откупи Војводинска банка од НБГ

Објавено

на

Долгите и макотрпни преговори помеѓу ОТП Банка и Националната Банка на Грција завршија успешно и конечно договорено е преземање на Војводинска банка.

ОТП Банка од НБГ ги откупи Војводинска банка заедно со НЛГ Лизинг за 125 милиони евра. Со оваа аквизиција ОТП Банка во Србија ќе го зголеми за 5,7% пазарниот удел и ќе прерасне во 7 банка по големина во нашиот северен сосед.

„Во последните години ОТП Банка Србија остварува континуиран раст, а нашите очекување се дека овој позитивен тренд ќе продолжи помогнат од ова преземање, – изјави Ласло Волф, заменик директорот на ОТП Банка Унгарија и претседател на Управниот одбор на ОТП Банка Србија.

Во 2016 година вкупната актива на Војводинската банка изнесуваше 1,1 милијарда евра со вкупни 810 милиони евра кредити. Банката има 1405 вработени и работи во мрежа од 105 филијали со 138 банкомати на располагање.

„Ова преземање дополнително ќе го заврсти присуството на ОТП Банка Србија и ќе овозможи долгорочна профитабилност на работењето, – посочи Предраг Михајловиќ, претседател на Извршниот одбор на ОТП Банка Србија.

Инаку НБГ групацијата е една од најголемите од грчкиот банкарски сектор со операции низ цела Југоисточна Европа.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно