Банки
Наумов: Отворен повикот за кредитите со 0 камата за фирмите погодени од кризата

Преку Развојна банка на Северна Македонија , компаниите погодени од економската криза од корона вируост, ќе може да аплицираат за бескаматни кредити. Сите услови и потребни документи ги презентираше Кире Наумов, директор на Развојна банка на Северна Македонија.
– Денес е објавен јавниот повик за директна кредитна поддршка за мирко, макро и средни претпријатија преку Развојната Банка на С.Македонија. Ќе се кредитираат угостителството, туризамот и товарниот транспорт. Целта е да ги надминат ликвидносните проблеми во овој почетен период. Кредитите се со 0 проценти каматна стапка, рок на отплата 24 месеци и грејс период од 6 месеци.
Износите ќе зависат од бројот на вработени. За вработени до 10 лица – 5. 000 евра. Од 11 до 50 лица за износ до 15 илјади евра, и до 51 до 250 лица за износ до 30.000 евра. Минималниот износ е 3.000 евра. Почитувајќи ги препораките, целиот процес ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на мејл адреса kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk.
Обрнавме големо внимание да го олесниме значително процесот за апликација. Документите кои ќе бидат потребни се: тековна состојба, завршна сметка за 2019 година, потвра за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека не се води стечај или ликвидација, ЗП образец од Централен регистрар. Треба и кредитна апликација која може да се симне од веб страната на Развојна банка и соодветни изјави.
Развојната банка го следи развојот на настаните и ќе биде поддршка на мирко, малите и средни претпријатија во овој период и тој потоа, односно период на закрепнување на економијата, рече Наумов.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство