Connect with us

Останато

Отворен настан на тема Факторингот во функција на поддршка на растот на компанијата

Објавено

на

ЦЕЕД Македонија и Проектот на УСАИД за Факторинг, имплементиран од Фактор Труст, на 28-ми ноември организираат отворен интерактивен настан каде што ќе се зборува на темата Факторингот во функција на поддршка на растот на компанијата. Настанот ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со почеток од 12:00 до 14:00 часот, по што ќе следува едночасовен networking.

Факторинг е финансиска услуга којашто во последните 10 години доживеа раст и зголемување на прометот, како кај малите и средни претпријатија, така и во големите компании. Најголемиот интерес се појавува поради зголемување на обемот на продажбата на компаниите, целосно осигурување на побарувањата, рамка на континуирано финансирање, предвремено плаќање на обврските со дисконт и поради небанкарското финансирање. Тој ја подобрува ликвидноста на компаниите и ја подобрува безбедноста на продажбата. Кога клиентот ќе се одлучи да користи факторинг за повеќе свои купувачи, односно да го нуди целото портфолио за факторинг, неговата ликвидност значително ќе се подобри и како резултат на тоа може да го зголеми своето производство и продажба.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со придобивките од факторинг, како што се: заштеда на време, помош во губење паричен тек и финансиско планирање, подобрување на ликвидноста, сметководствени бенефиции итн.

Освен членовите на ЦЕЕД Македонија, за учество можат да се пријават сите сопственици и менаџери на мали и средни компании на следниов линк.

Говорник на настанот ќе биде Дејан Барбутовски експерт за факторинг и извршен директор во А.Б.С. Факторинг, Љубљана, Словенија.

Местата се ограничени, а избраните учесници ќе добијат потврда за присуство преку мејл. Регистрацијата е од 11:30, а за дополнителни информации обратете се на bramljak@ceed-macedonia.org или на телефонскиот број 076 496 616.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange