Домашни банки
Отворена целосно модернизирана и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Неготино

Со комплетно модернизирана и дигитализирана експозитура Комерцијална банка во Неготино им понуди на своите клиенти уште поголемо задоволство при извршување на нивните банкарски трансакции. За уште побрзи и поефикасни трансакции на располагање имаат дигитален дел со 24/7 достапни финансиски услуги.
Дигиталниот дел е опремен со банкомат за уплата и подигање готовина и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.
Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси, како и стручни совети и обука за користење електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.
Експозитурата на Комерцијална банка во Неготино им овозможува на клиентите модерни и ефикасни решенија за задоволување на нивните финансиски потреби, без оглед дали се поврзани со нивните лични финансии или со нивниот бизнис.
Домашни банки
Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне за спас на преживеаните по разорните земјотреси во Турција и во Сирија

„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините”, велат од Комерцијална банка. (more…)
Домашни банки
Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ. (more…)
Домашни банки
Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје