Connect with us

Домашни банки

Отворена целосно модернизираната и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Буњаковец

Објавено

на

Започна со работа комплетно модернизираната и дигитализирана експозитурата на Комерцијална банка во Буњаковец. На своите клиенти, покрај редовно шалтерско работење, отсега им нуди и дигитални финансиски услуги 24/7. 

Дигиталниот дел е опремен со банкомат за уплата и подигање готовина и со дигитален киоск кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона е 24/7 овозможен со сите банкарски картички.

Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси, како и стручни совети и обука за користење електронска банка и мобилно банкарство за физички и за правни лица.

Експозитурата на Комерцијална банка во Буњаковец е модерно решение, кое на брз и ефикасен начин ги задоволува потребите на клиентите, без оглед на тоа дали се однесуваат на нивните лични финансии или на нивниот бизнис.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно