Connect with us

Останато

Отворена првата фотоволтаична централа за домаќинства во Македонија

Објавено

на

Во Тафталиџе во Скопје, во куќа е отворена првата фотоволтаична централа за домаќинства во Македонија. Всушност станува збор за прототип на фотоволтаичен систем кој е изработен и дизајниран од ЕВН.

На отворањето на првата електрана присуствуваа и претставници на Владата.

„Владата на Република Македонија преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство на кровот од својата семејна куќа, како и секоја компанија, да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава на слободниот пазар“, вели премиерот Зоран Заев.

Мини централата е со максимална моќност од 3 kW. За ова на кровот на куќата се поставени 12 панели. Системот е достапен од ЕВН и компанијата им го нуди на сите домаќинства.

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање

Останато

84 поиновативни држави од Македонија

Објавено

на

Според “Global Innovation Index 2018„ оваа година Македонија е на 84 место и доживува пад од 23 места.

Од регионот Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место. Односно, според нив, сите држави во регионот се поиновативни од Македонија.

На прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

За првпат Кина се најде меѓу 20-те наиновативни економии. Од четвртото место минатата година, САД паднаа на шесто, додека Кина напредуваше од 22-та до 17-та позиција.

Индексот на иновации се издава на годишно ниво од страна на WIPO, Универзитетот Корнел и бизбнис школоата INSEAD.

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на минималната плата!

Објавено

на

Работодавачите ќе ја зголемат минималната плата со цел да ги задржат своите работници!? (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange