Странски банки
Отворање на канцеларија на Европската инвестициска банка во Скопје


Инвестициските и развојни планови за земјата и клучните цели поврзани со отворањето на локалната канцеларија на Европската инвестициска банка ќе бидат претставени денеска во Скопје на настан по повод официјалното отворање на Канцеларијата во Скопје.
На настанот, како што е најавено ќе се обратат потпретседателката на на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова, премиерот Димитар Ковачевски,министерот за финансии Фатмир Бесими и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Европска инвестициона банка (ЕИБ) е непрофитна финансиска институција на Европската унија (ЕУ), со седиште во Луксембург, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Нејзина основна задача е да придонесе кон интеграција, балансиран развој и социјална и економска кохезија на земјите членки на ЕУ, додека почнувајќи уште од 1963 година, ЕИБ во согласност со европската политика за соработка и помош во развојот одобрува заеми и на земји кои не се членки на ЕУ.
Со потпишувањето на Протоколот 3 за финансиска соработка на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската заедница во 1997 година, ЕИБ за прв пат почна да ѝ доделува заеми на Република Северна Македонија како суверен заемопримач. Соработката е зајакната во април 2008 година со потпишување на Рамковната спогодба со ЕИБ за регулирање на активностите на ЕИБ во Република Северна Македонија, со што се отворија нови можности за реализација на проекти од области кои се од клучно значење за Република Северна Македонија.
Активностите на ЕИБ се фокусираат главно на четири приоритетни области, и тоа – иновации и вештини; пристап до финансии за малите претпријатија; инфраструктура и животна средина и климатски промени.
Странски банки
„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија


Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)
Странски банки
Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите


„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)
Странски банки
Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки


Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје