Останато
Отварање на Наградата за социјално претприемништво 2019 по петти пат


Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат беше отворен натпреварот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво „Награда за социјално претприемништво 2019‘‘ (Social Impact Award 2019) наменето за студенти и млади од Македонија.
Оваа награда се доделува во повеќе од 20 земји ширум светот со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub. Годинава по петти пат се организира и во Македонија од страна на Бизнис Импакт Лаб, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија, Фонд за иновации и технолошки развој и Пакомак.
„Натреварот за социјално претприемништво е одлична шанса за младите и студентите од земјата да понудат идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваме секој ден, а воедно и да се поттикнат да почнат да размислуваат за создавање на сопствени социјални бизниси и креирање на свое работно место“, изјави Симона Станковиќ, координатор на наградата во Македонија.
„Шпаркасе Банка Македонија веќе 5-та година по ред ја поддржува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), што всушност се покажа и како успешен проект кој веќе има и видливи резултати, односно старт-ап компании со кои можеме да се гордееме. Поддршката која ја даваме за овој проект покрај финансиски дел кој се користи за наградите за трите најдобри бизнис идеи, опфаќа и менторска поддршка која се дава во текот на инкубацискиот период. Од минатата година ја започнавме и специјалната програма „Чекор по чекор“, која им овозможува пристап до потребните финансиски средства за понатамошен развој на младите стартапи.“ изјави Владимир Кечовски, Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија.
За најдобрите три (3) решенија во областа на социјалните бизниси, Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра за секој од нив. Покрај наградите, за најдобрите тимови обезбедено е присустви на СИА Самитот кој оваа година ќе се одржи во Киев, три месеци период на инкубација со менторство и поддршка во развивање на идејата.
Конкурсот за Наградата во Македонија ќе биде отворен во периодот од Март до Мај 2019-та година во чии рамки ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и бизнис модели во социјалното претприемништво во Скопје, Битола, Штип и Струмица.
Повеќе информации за ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2019‘‘ и за начинот на аплицирање ќе најдете на www.socialimpactaward.mk
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје