Connect with us

Останато

Осум работи кои секоја личност треба да ги направи пред 8 часот наутро

Објавено

на

Во денешно време луѓето живеат динамичен живот и имаат премногу обврски. Понекогаш мислите е невозможно да започнете да ги остварувате своите соништа. Ако работите и имате деца, тогаш е уште потешко. Како да продолжите понатаму?

1. Наспијте се најмалку 7 часа

Спиењето е исто важно како и јадењето и пињето вода. 

Здравото спиење значи зголемување на меморијата, продолжување на  животот, зголемување на креативноста и вниманието, намалување на маснотии и стрес, намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и депресија и уште многу други работи.

Остатокот од оваа сторија е безначаен ако спиењето не ви стане приоритет.

 

2. Медитирајте

По будењето од здрав сон, медитацијата е клучна за да ве насочи кон позитивното. Медитацијата ја зголемува благодарноста за се што имате, а благодарноста го збогатува начинот на размислување. Нема ограничување на можностите за вас. Луѓето се како магнет. Колку повеќе си благодарен за она што го имаш, толку повеќе го привлекуваш позитивното и доброто.

 

3. Вежбајте

Ако сакате да бидете помеѓу здравите, среќни и продуктивни луѓе на планетава стекнете навика за редовно вежбање. Многу луѓе одат во теретани за да го раздвижат телото, но и утринската работа во вашиот двор ќе предизвика наплив од инспирација. Што и да одберете вежбите ќе ви ја намалат анксиозноста, стресот и шансата за депресија. Тие  ќе го зголемат успехот во вашата кариера

 

4. Конзумирајте 30 грама протеини

Видни професори нутриционисти препорачуваат консумирање барем 30 грама протеини за појадок, 30 минути по будењето. Храната богата со протеини ве држи “полни” подолго од другите видови храна, затоа што на таа храна и треба повеќе време за да го “напушти” стомакот.

 

5. Истуширајте се со ладна вода

Туширањето со ладна вода го олеснува физичкото и менталното здравје. Ако секојдневно го практикувате тоа ќе ви обезбеди долготрајни промени во имунолошкиот и лимфниот систем, циркулацијата на вашето тело и дигестивниот систем кои го подобруваат квалитетот на вашиот живот. Исто така може да предизвика губење на тежината, бидејќи на овој начин се забрзува и вашиот метаболизам.

Според едно истажување секојдневното туширање со ладна вода исто така помага при депресија, делува многу поефикасно од лекови.

 

6. Слушнете или прочитајте инспиративна содржина

Успешните луѓе постојано го надоградуваат своето знаење. Заедничко нешто за најуспешните луѓе во светот е тоа што читаат барем една книга во неделата.

Слушањето или читањето на некоја инспиративна содржина 15 до 30 минути секое утро ве менува, ви го зголемува знаењето, што по некој период светот ќе го гледате поинаку, ќе стекнете знаење на многу теми.

 

7. Анализирајте ја вашата животна визија

Треба да ги запишете вашите цели и да ги читате секој ден. Така читајќи ги секој ден вие ќе мислите на нив, ако мислите на нив, тогаш ќе ги трошите деновите работејќи на тоа тие да се остварат.

 

8. Направете една работа на сметка на долгорочните цели

Потешките задачи секогаш завршете ги наутро. Ако не го сторите тоа бидете сигурни дека воопшто нема да ги завршите. Кон крајот на денот ќе бидете исцрпени и ќе најдете милион причини да ја оставите работата за другиот ден, што веројатно ќе биде никогаш.

Затоа ваша мантра нека стане: прво најтешкото. 

Ако секој ден исчекорите еден чекор кон зацртаната цел, моментот кога ќе ја реализирате не е далеку.

 

Откако ќе ги направите сите овие работи ќе знаете дека сте ја направиле најважната работа и дека таа работа ви го подобрила животот. Вие ќе бидете подобри на работа, ќе бидете посреќни, со поголема самодоверба и визија.

 

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно