Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Осум позитивни и негативни работи како вработен во продажбата

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Работењето во продажба може да биде работа од соништата. Но, исто така може да биде и еден од најтешките избори за кариера, кој може да се избере. Треба да се биде посебна личност за да се градат нови познанства и контакти, постојано да се прави вмрежување, односно да се работи 24/7 во текот на целата година.

Сепак, со вистинските обуки, продажбата е вештина која може да ја развие секој кој има страст за оваа насока во кариерата. Подолу ќе прочитаме некои од позитивните и негативните карактеристики во продажбата кои треба да се земат во предвид пред да аплицираме за нашата прва работна позиција во продажбата.

Позитивни карактеристики во продажбата

1. Флексибилно работно време

Иако постојано си “на работа” секогаш кога ќе имаш интеракција со луѓе, времето поминато во канцеларија е нешто што ти го одредуваш кога си на продажна функција. Имаш поголема флексибилност во однос на тоа кога ти почнува и кога ти завршува работниот ден, а со тоа и поголема слобода за справување со предизвиците во личниот живот – привилегија која повеќето работни позиции не ти ја дозволуваат.

2. Заработуваш онолку колку што вредиш

На идеална продажна позиција, работиш на систем кој наградува во зависност од сработеното. Ова значи дека потенцијалот за заработка е неограничен, односно можеш да заработиш толку колку што посакуваш. Многу работници се жалат дека не се доволно платени за работата која ја извршуваат. Тоа не е така во продажбата.

3. Запознаваш нови луѓе

Ако си човек кој сака да комуницира со луѓе, тогаш ќе сакаш да работиш во продажба. Секој ден ти е шанса да запознаеш нови луѓе. Некои продажни позиции бараат и чести патувања, така што ќе имаш шанса и да посетиш многу нови места и да искусиш нови работи. Ретки се работните позиции кои ти нудат шанса да патуваш, а во исто време и редовно да се враќаш дома. Продажбата ти го нуди токму тоа.

4. Многу работни позиции во продажбата имаат и принцип на дополнително наградување

Како дополнителна стимулација за да продолжиш со добрите резултати во продажбата и да останеш мотивиран, на многу менаџери им е дозволено да даваат одредени бонуси и награди за нивниот продажен тим. Тоа може да бидат разни ваучери, бесплатни ручеци/вечери и разноразни други бенефиции. Во поголемите компании најдобрите продавачи доста често ги носат и на разни рекреативни патувања.

Негативни карактеристики во продажбата

1. Што и да правиш, секогаш ја претставуваш компанијата

Повеќе од јасно е дека се што правиш и надвор од работно време влијае на твојата продажба. Што и да направиш во јавност може да има негативно влијание на твојата работа. Па, макар и да одиш со семејството некаде на вечера и децата да ти бидат невообичаено гласни, може да се остави негативен впечаток на потенцијален клиент кај кој подоцна би можело да има потешкотии во реализирање на продажбата со него или со негов реферал.

2. Може да се вратиш дома без посакуваниот износ на плата

Бидејќи многу продажни работни позиции се базираат на бонуси, ќе има периоди кога нема да можеш да оствариш продажба. Кога тоа ќе се случи, си доаѓаш дома без пари. Кај нас во Македонија имаме основна плата која мора да ја добиеме, но сепак, останува фактот дека приходот ќе ти варира од месец за месец.

3. Мораш да разговараш со луѓе кои не секогаш сакаат да зборуваат со тебе

Добра пракса во продажбата е да го искористиш првиот час од работниот ден за барање на нови потенцијални клиенти. За жал, ова значи дека тој час ќе го користиш за разговори со луѓе кои најверојатно и не сакаат да разговараат со тебе. Кога работиш во продажба, има големи шанси дека од 100 луѓе кои ќе ги исконтактираш, 98 од нив ќе те одбијат за разговор – некои од нив и
нема да го направат тоа на културен начин. Оваа негативност може да биде тешко да се премине особено ако е доста честа појава, но со соодветна обука може и тоа да се надмине.

4. Имаш одреден таргет кој мора да го постигнеш

Иако имаш одредена контрола на твоите работни часови и на тоа колку сакаш да заработиш, сепак твојот претпоставен или компанијата за која работиш во најголемиот број од случаи бара од продажниот тим да постигне одредена квота (месечна, квартална, годишна…). Ако не ја постигнеш таа квота, тогаш твојата работа се доведува до прашање. Кога си еден од оние кои секогаш брзаат на крај на месец да го фатат таргетот, тогаш работата може да биде доста стресна, а тој стрес е тука се додека не си сигурен дека работата ти е сигурна (додека не го фатиш таргетот). И овој циклус се повторува секој месец.

Позитивните и негативните карактеристики на работата во продажба укажуваат дека овој избор на кариера може да биде доста забавен, но во исто време укажува и дека е една од најстресните работни позиции кои некој може да ги избере. Во продажбата навистина можеш да заработиш колку што вредиш, но мора да дадеш се од себе за да го постигнеш тоа. А ако си спремен да дадеш се од себе на работа, тогаш кариера во продажба можеби е токму за тебе.

Автори: Тимот на Македонска асоцијација за продажба

Лични финансии

Како да пронајдете купувачи за вашиот производ?

Објавено

на

За целосно развивање на вашата деловна идеја и претворање во специфична услуга или квалитетен производ, а потоа да ги привлечете оние кои сакаат да го користат производот или услугата и притоа цената да одговара на нивна плата, потребно е да го истражувате пазарот, да ја идентификувате вашата целна публика и да се запознаете со нејзините потреби. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Совети од Комерцијална банка за безбедно користење на платежните картички

Објавено

на

Денес, платежните картички се ширко прифатено средство за плаќање. Милиони луѓе ги користат картичките за плаќања во продавници, интернет, за нарачки преку телефон или електронска пошта. Но, поради зголемениот обем на користење од страна на клиентите се повеќе се зголемува нивната злоупотреба од страна на криминалците. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Што прават успешните претприемачи секој ден пред работа

Објавено

на

Ноќните бувови може да бидат креативни, но раните станувања се побогати и попродуктивни. Претприемачите кои сакаат да го направат тоа треба да ги прескокнат доцните ноќни сесии и да почнат рано во денот за да им помогнат на своите компании да растат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange