Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Осум грешки што не треба да ги направите со пари

Објавено

на

Кога станува збор за пари, постојат осум големи грешки што можете да ги направите. Веднаш штом ќе добиете плата, обрнете внимание на овие осум потенцијални грешки и избегнувајте потенцијални проблеми.

1. Не создавате фонд за итни случаи

Фонд за итни случаи е мерка на претпазливост што ви е потребна пред да затропаат проблеми на вашата врата. Во најмала рака, треба да имате најмалку шест до девет месечни плати заштеда (по можност и повеќе) на посебна банкарска сметка, што ќе биде доволно во случај неочекувано да останете без работа, да се разболите или да имате други непредвидени трошоци.

2. Доцните во плаќање на Вашите обврски

Секој месец, вашата цел треба да биде да ги плаќате обврските навреме и во целост. Во спротивно, може да се соочите со казни, затезна камата, што негативно ќе влијае на вашата кредитна способност. За да избегнете одложувања во плаќањето, активирајте траен налог, бидејќи автоматските плаќања ќе ви заштедат време, пари и ќе ви заштедат непотребна фрустрација.

3. Прескокнување на обврските

Не ги прескокнувајте обврските што ви се чинат помалку важни во тој момент. Без разлика дали станува збор за дозволено пречекорување, кредит, кредитна картичка или хипотека, мора да имате континуирана обврска да ги подмирувате своите месечни обврски. Кога ќе прескокнете плаќање, ќе се соочите со несакани трошоци. Исто така, има можност да влезете во доцнење и да станете непосакуван клиент за банката, што може да ви направи проблем при идните задолжувања.

4. Купување нови долгови

Имате постојни обврски, но ви требаат повеќе пари. Не позајмувајте повторно, ако веќе сте задолжени. Исто така, не купувајте на рати доколку веќе имате други дополнителни рати кои веќе ги исплаќате. Доколку мора, проверете ги тековните обврски уште еднаш и внимателно влезете во нов долг и порамнете го што е можно поскоро.

5. Купување работи коишто не ви се потребни

Без разлика дали станува збор за нова маица или нов стан, работите што не ви требаат во моментот морате да ги заборавите. Посебно кога станува збор за станбен кредит – уживањето во удобноста на нов дом честопати вклучува и големо задолжување на долг рок од кое тешко се излегува на крај.

6. Рефинансирање на постојните долгови

Сите луѓе имаат некаков долг дали е тоа за потрошувачки кредит или дозволен минус на тековната сметка. Важно е да имате секогаш контрола над својот долг, бидејќи лесното трошење брзо станува долг од кој тешко можете да се ослободите. Најважно од се е веднаш штом се задолжите, најбрзо што може да се ослободите од тој долг, а не да се доведувате во ситуација да ви се насоберат дополнителни долгови и трошоци, па да треба да земате нови задолжувања и да ги рефинансирате постоечките долгови.

7. Не штедите за пензионерските денови

Штедете пари за пензионерските денови односно приватна пензија. Кога и да се пензионирате, државната пензија нема да ви биде доволна за да живеете нормален живот. Штедете колку можете повеќе средства за што побезгрижни пензионерски денови.

8. Лесно и непотребно користење на кредитна картичка

Кредитните картички можат да бидат одлично финансиско средство, но тие се премногу скапи. Ако имате долг на кредитна картичка, каматната стапка може да достигне и до 10-12 проценти па дури и повеќе. Една опција е да го консолидирате долгот на вашата кредитна картичка со потрошувачки кредит со пониска каматна стапка од кредитната картичка. Нормално, потрошувачки кредит е опција само доколку долгот кон кредитната картичка не можете да го исплатите од сопствени средства.

Лични финансии

Бизнис Бар: Дали сте перфекционист? Еве како да внимавате да не ви попречи во работата!

Објавено

на

Ако се сметате за перфекционист, веројатно сте свесни за тежината што доаѓа со оваа карактеристика. Секако, постојат позитивни аспекти, како високо мотивираноста и вниманието на деталите, но и негативните страни се значајни. Перфекционистите доживуваат повисоки нивоа на стрес, избувнување и анксиозност. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да изгледате самоуверено?

Објавено

на

Во моментот кога ќе влезете во една соба, луѓето веднаш формираат некаков впечаток за вас. Kаков тип на личност сте – сигурна, искрена, способна. Многу од ова е засновано на тоа како се носите себе си. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку совети од Зак Фридман – како да извлечете најмногу од парите кои ги имате

Објавено

на

За  15 години работа во финансискиот сектор во компаниите како Blekstone и  Morgan Stenli, господинот Зак Фридман гледал како компанијата може да заработи, но и да изгуби пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange