Connect with us

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка.

Интерес за склучување договор со Пошта пројавија осум банки. Меѓу нив, НЛБ Банка АД Скопје официјално соопшти дека пројавила интерес за соработка, а од оние банки што ги контактирале од МИА интерес пројавила и ТТК банка АД Скопје, а од дел не се добил соодветен одговор.

Од вклучените во процесот наведуваат дека при изборот на банката што ќе го склучи договорот е компатибилноста на софтверот што го воспоставила Еуростандард банка во поштенските единици, за да не се губи време во нова обука на вработените.

Условите што ги нудат банките, до Пошта треба да ги достават до 30-ти септември.

Првиот човек на НЛБ Банка, Антонио Аргир минатата недела во изјава за медиуми изрази надеж дека недостатокот на услуги што ги даваше „Пошта“ наскоро ќе се надомести.

„„Пошта АД“ има започнато процес на преговори со банките. На нивно барање преку Македонската банкарска асоцијација, повеќе банки, меѓу кои и ние како НЛБ Банка АД Скопје, пројавија интерес за продолжување на активностите за соработка со „Пошта АД“”, изјави Аргир по потпишувањето на договор со ЕБОР за две кредити линии.

Од ТТК банка за МИА потврдија дека изразиле начелен интерес за соработка со Пошта.

„По примен допис за иницирање на постапка за започнување на преговори со деловна банка за склучување договор за деловна соработка во делот на платниот промет ТТК БАНКА АД Скопје изрази начелен интерес за разгледување на аспектите и условите на можната соработка. Во моментов се очекуваат дополнителни информации за понатамошното одвивање на постапката”, наведуваат од банката.

Платниот промет во Пошта до 12 август го вршеше Еуростандард банка, на која Народната банка и ја одзеде дозволата за работа. По овој период престана да се врши платниот промет во поштенските единици, а на прес-конференција вработените претставени од синдикатот побараа решение на проблемот.

„Стечајот на Еуростандард банка АД Скопје сериозно го наруши работењето на Македонска пошта. Генерира на дневна основа сериозни загуби на финансиското работење со оневозможување на услугата во платниот промет во над 330 – те поштенски единици на територијата на целата држава. Дополнитело, и прекинот на услугите во меѓународниот сообраќај и намалувањето на приходите во внатрешниот пазар изминатите шест месеци како последица од коронавирусот кај нас од 2.300 вработени влева сериозна загриженост и страв за иднината на компанијата, редовна исплата на плати и зачувување на своите работни места”, посочија од синдикатот.

Оценија дека неработењето на 330-те единици на пошта и статус кво состојбата со неработењето на платиот промет претставува директна закана за егзистенцијата на вработените, но и тоа дека неработењето на поштенските филијали има влијание и врз граѓаните кои ги користат услугите.

Писмото за деловна соработка до сите банки АД „Пошта“ го достави на 4-ти овој месец, по што банките имаа рок од три дена да одговорат дали имаат интерес за соработка и потоа да отпочнат преговор.

Писмото следеше откако претходниот ден Владата даде согласност за отпочнување на постапката за преговори за склучување нов договор за услугите за платен промет.

Платниот промет во поштенските единици престана по пропаѓањена Еуростандард банка, преку која Пошта ги вршеше услугите од платен промет, а создаде проблем и на голем бројкорисници кои ја користеа Поштата за исплата на пензија и социјална помош.

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!

Објавено

на

Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Модел за корпоративен успех: Учета – Дузлевска на Триглав Живот му донесе трократно зголемување на пазарниот удел во една година

Објавено

на

Изминативе години сме соочени со негативни влијанија и последици предизвикани од пандемската криза, кои го отежнаа работењето на голем број економски сектори, и на кои осигурувањето не остана имуно. Иако осигурителниот сектор бележи раст од 15%, генерално во изминатата година, со скоро подеднаков процентуален раст и во неживотните осигурувања и во осигурувањето живот, сепак во најголем дел тоа е тој резултат e последица на намалената активност на секторот во изминатите две години и заздравувањето во 2021 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно