Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Остварена средба меѓу гувернерката на Народната банка и министерката за финансии

Објавено

на

Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата.

Со заеднички заложби, очекуваме дека соработката и комуникацијата меѓу двете институции и натаму ќе се остварува на веќе воспоставеното исклучително високо ниво, со максимална посветеност на заедничките приоритети за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, како и за поттикнување на развојот на нашиот финансиски систем. Ова беше нагласeно на денешната средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со министерката за финансии, Нина Ангеловска.

На средбата во Народната банка, гувернерката и вицегувернерите ѝ го честитаа стапувањето на функцијата на министерката Ангеловска, при што беше истакнато дека е од голема важност да се продолжи со добрата координираност на монетарната и фискалната политика, бидејќи таа е и еден од предусловите за стабилна и просперитетна економија.

Тимовите на двете институции и натаму интензивно ќе работат на задржување на макроекономската и финансиската стабилност и нa целосно остварување на повеќе започнати, заеднички проекти, како и на сето она што треба заеднички да го остварат во рамки на тековните институционални активности. Истовремено, како што беше кажано од соговорниците, заеднички активно ќе се работи и на поттикнување и поддржување што поголема финансиска инклузија. Сето ова на среден и долг рок треба да придонесе за  поповолен амбиент за економски раст чии придобивки ќе ги почувствуваат сите.

НБРМ

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Објавено

на

На 12 ноември 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

МФ, Народната банка и АСО ги доделија наградите по повод деновите на штедењето и осигурувањето: Преку финансиска едукација до посилна економија

Објавено

на

Преку подобрување на финансиската писменост кај граѓаните се овозможува тие да носат поефективни одлуки за личните финансии, што пак влијае на економијата во целост – затоа е потребно децата да се едуцираат финансиски уште од најмала возраст. Ова беше истакнато на доделувањето на наградите од традиционалниот конкурс за ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето, кој го распишаа Министерството за финансии, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Работилница во Народната банка: Како најсоодветно да се поддржи развојот на иновативен финтек екосистем?

Објавено

на

Kој е најсоодветниот начин регулаторите на финансискиот сектор да го поддржат развојот на иновативен финтек екосистем? На оваа тема се дискутираше на работилницата којашто се одржа минатата недела во Народната банка на Република Северна Македонија. Настанот беше организиран во рамки на техничката соработка со Народната банка на Белгија, во контекст на тековната подготовка на поголем број законски и подзаконски акти во финансиската сфера со кои треба да се постигне поголем степен на усогласување на нашето со европското законодавство и следствено, да се отвори пазарот на финансиски услуги за нови компании од финтек-секторот. На работилницата, покрај експертите од двете централни банки, учествуваа и претставници на Министерството за финансии и на Дирекцијата за заштита на личните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange