Connect with us

Форекс

Остар пад на Волстрит, по четиридневниот раст

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера доживеаја остар пад, по четири дена континуиран раст, што најмногу се должи на притисокот на технолошкиот сектор, по послабите резултати на „Facebook”, од очекуваното.

„Dow Jones” се намали за 518 поени или 1,45 проценти, на 35.111 поени, додека „S&P 500″ „потона” за 2,44%, на 4.477 поени. Индексот „Nasdaq” се намали за 3,74 отсто, на 13.878 поени.

Технолошкиот сектор, последниве години, имаше силен раст, благодарение на тоа што имаше ниски каматни стапки. Но, на тој период му доаѓа крајот, бидејќи во март се очекува зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка.

Се верува дека во следниот период, Фед агресивно ќе ја заостри монетарната политика, бидејќи инфлацијата во САД се движи во највисоки нивоа во речиси 40 години.

Затоа, менаџерите треба да ги приспособат своите портфолија на идното опкружување со повисоки каматни стапки.

Покрај Фед, и други централни банки во светот ја заоструваат монетарната политика.

Британската централна банка вчера повторно, втора сесија по ред, ја зголеми клучната камата за 0,25 процентни поени, на 0,50 проценти.

Пораките на шефот на Европската централна банка, по редовната седница за монетарна политика, исто така беа поостри, отколку што се очекуваше.

Затоа вчера и на европските берзи, цените на акциите паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабна за 0,71%, на 7.528 поени, додека франкфуртскиот „DAX” се „лизна” за 1,57%, на 15.368 поени, а парискиот „CAC” – 1,54 проценти, на 7.005 поени.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно