Connect with us

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании.

Дов Џонс падна за 551 поен или 2,21%, на 24.465 поени, додека С&П 500 потона 1,82%, на 2.641 поен, а Насдак индексот 1,70%, на 6.908 поени.

Вчера најмногу паднаа, во просек 3,3%, цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цената на нафтата на американскиот пазар за повеќе од 6%.

Цените на нафтата се под притисок веќе седма недела затоа што инвеститорите се плашат дека забавувањето на растот на глобалната економија ќе предизвика намалување на побарувачката за енергенси и дека понудата повторно ќе биде поголема од побарувачката.

Сепак, цените на нафтата во понеделникот малку пораснаа по најавите дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) наскоро би можела да го намали производството за да ги поддржи цените, но нивното опоравување не траеше долго.

Во последните месец и половина цените на нафтата се намалија повеќе од 25%.

Вчера остро падна и С&П индексот на трговскиот сектор, за 2,7%, што е последица на послабите, отколку што се очекуваше, квартални деловни резултати на Колс (Kohl`s) и Таргет.

Цените на акциите на овие трговски синџири паднаа за повеќе од 9%.

Продолжи и падот на акциите на компанијата Епл, која и вчера, втор ден по ред, загуби повеќе од 4%  од вредноста.

 

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange