Connect with us

Останато

Остануваат уште неколку дена до можноста за македонските стартапи да аплицираат за глобалната програма Accelerate2030!

Објавено

на

Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР отворија повик за најголемата глобална програма Accelerate 2030!

Оваа година за прв пат македонските претприемачи кои преку своето работење креираат импакт во заедницата, решавајќи важни социјални,  еколошки или други предизвици поврзани со Целите на одржливиот развој на Обединетите нации, имаат можност да бидат дел од Accelerate2030!

Повикот за оваа програма за е отворен до 20ти јуни.

Accelerate2030 е најголемата глобална програма за поддршка на претприемачи од земји во развој кои креираат решенија поврзани со остварување на Целите за одржлив развој. Оваа програма обединува импакт стартапи, корпорации, агенции на Обединетите Нации, финансиски институции, меѓународни развојни организации и други партнери за да се поврземе и да соработуваме за скалирање на најдобрите иновации низ целиот свет.

Зошто да аплицирате?

Преку оваа уникатна програмата која е организирана во национална и глобална фаза, Ви овозможува да креирате и спроведете стратегија за подобрување и скалирање на вашиот бизнис, да се подготвите  за инвестиции и да зголемите Вашето влијание (импакт) генерално, но и во рамки на Целите за одржлив развој. А2030 е програма заснована на Вашите специфични потреби и Ве поврзува со стручни консултанти, ментори и клучни партнери за да ја добиете поддршката која вам Ви е потребна.

Стартапите кои ќе влезат во националната фаза ќе бидат дел од:

  • групни сесии со интернационални ментори на кои ќе се обработуваат теми како пристап до финансии, пристап до инвеститори, маркетинг, продажба, бизнис развој,  скалирање на бизнис итн.
  • идивидуални сесии на кои ќе се работи на предизвиците кои ги има секој тим,
  • глобални сесии со претприемачи од целиот свет,
  • онлајн предавања со глобални експерти,
  • сесии со тимот на Accelerate2030 преку кои ќе се направи индивидуална дијагностика и помош во надминување на предизвиците со кои се соочуваат,
  • можност за влез во глобалната програма на Accelerate2030.

Најдобрите претприемачи од националната фаза ќе бидат номинирани за влез во глобалната фаза која е под водство на Impact Hub Geneva и започнува со  Global Scaling Week (Глобалната недела за скалирање) во Женева, Швајцарија во ноември 2021, фокусирана на вмрежување со глобални партнери и останатите стартапи. За селектираните стартапи во глобалната фаза подршката продолжува во наредните 6 месеци, фокусирана на пристап до нови пазари, во соработка со глобални партнери од Женева.

Посетете ја официјалната национална страна и аплицирајте уште денес на овој линк.

Останато

Нови услуги на шалтерите на АД „Пошта на Северна Македонија“

Објавено

на

АД „Пошта на Северна Македонија” денеска соопшти дека согласно потпишаниот договор со Халк Банка, покрај постоечките услуги, на нивните шалтери може да се извршуваат нови услуги. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ако сте вложеле пред 10 години, сега ќе бевте милионери!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот биткоинот го достигна највисокото ниво од 65.000 американски долари во април, но потоа изгуби 50 проценти од својата вредност во следните три месеци. Цената на најпопуларната „паричка“ неодамна падна под 30.000 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање


Популарно