Connect with us

Останато

„ОСТАВИ ГО ТАБЛЕТОТ, СИМНИ СЕ ПРЕД ЗГРАДА“ – маалскиот живот и детските игри летово се враќаат во Центар

Објавено

на

Детските игри и маалските дружби во летните месеци, кои во минатото беа препознатлив симбол на скопските населби, денес се вистинска реткост. Живееме во ера на целосна дигитализација и компјутеризација. Нашите деца се буквално „заробени“ пред екраните на телевизорите, компјутерите, таблетите, мобилните телефони. Општина Центар летово ќе ги повика своите најмлади жители да ги остават таблетите и мобилните телефони и да излезат пред зграда. Оваа среда започнува проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“  кој ќе се одвива под слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, чија основна цел е заживување на маалскиот живот и поттикнување на уметничките вештини кај најмладите жители на општината.

Идејата е преку едукативни и уметнички работилници, низ игра, да се стимулираат најмладите жители на општина Центар на дружење со нивните врсници. Во текот на летните месеци ќе се организираат ликовни, театарски и музички работилници за деца, кои ќе ги водат искусни професионалци кои работат во овие области.Исто така, ќе се обидеме и да го вратиме шармот на маалскиот живот и да ги оживееме подзаборавените детски игри како народна, криенка, џамлии, сервис, ластик.

„Како и секој друг проект, кога се во прашање најмладите, и овој за нас е многу сериозна инвестиција. Целиме кон социјализирана младина, кон младина што ја препознава и почитува уметноста и квалитетниот начин на живот. Се обидуваме да најдеме разни начини на дечињата да им ги доближиме вистинските вредности и да дадеме поддршка на родителите во нивното квалитетно воспитување и социјализација. Овој проект е еден од нив. Децата од мали мора да бидат изложени на убавото, на естетски вредното, на квалитетна музика и култура, за да ја прошируваат својата свест“ – вели Јагода Јанковска, раководител на одделението за образование во општина Центар.

Општина Центар ги повикува сите свои жители, но и жителите на другите општини да присуствуваат на овие настани, кои под слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, ќе се организираат секоја среда во паркот во Капиштец со почеток во 18:00 часот.

Проектот започнува со ликовна работилница која ќе биде организирана денес (04.07.2018).

Криптовалути

GDPR и Блокчејн: Дали новата регулатива за заштита на податоци на ЕУ е закана или поттик?

Објавено

на

Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR), широка и строга правна рамка на Европската унија (ЕУ) за приватноста на личните податоци, стапи на сила на 25 мај. Подготвени или не, оваа рамка драстично ќе го трансформира бизнисот во било кој дигитален потфат. Меѓународната асоцијација на професионалци за приватност (IAPP) предвидува дека како резултат на тоа ќе бидат создадени најмалку 75.000 работни места за приватност и дека глобалните 500 компании од Fortune ќе потрошат близу 8 милијарди долари за да осигураат дека се во согласност со GDPR. Но, што значи ова за блокчејн? (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

3 причини зошто блокчејн технологијата се користи за заштита на податоците

Објавено

на

Лесно е да се изгубат од вид потенцијалните бенефиции и слабости на секоја нова технологија кога возбудата ќе достигне ниво на треска на начин што го има со блокчејн. Според истражувањето на пазарот на трансакции, глобалниот пазар на блокчејн технологии ќе чини 20 милијарди долари до крајот на 2024 година. Има огромен потенцијал да ги намали трошоците, особено за финансиските институции, поради што Гартнер сугерира дека додадената вредност на блокчејн ќе се зголеми на 176 милијарди долари до 2025 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Објавено

на

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange