Connect with us

Криптовалути

Основан најголемиот фонд за крипто-инвестиции во светот

Објавено

на

Фондот за ризичен капитал „Paradigm” објави дека ќе инвестира дури 2,5 милијарди американски долари во новата генерација компании, технологии, идеи и протоколи од крипто светот. Оваа сума ја вметнаа во нивниот нов фонд, кој ќе работи паралелно со нивните претходни инвестициски активности.

Paradigm ја основаа ко-основачот на „Coinbase”, Фред Ерсам и поранешниот член на инвестицискиот фонд „Sequoia Capital”, Мет Хуанг. Првично, нивниот план беше да соберат 1,5 милијарди долари, но интересот на инвеститорите беше далеку поголем, па за само еден месец тие ги собраа споменатите 2,5 милијарди долари за инвестиции.

Фред Ерсам истакнува дека верува во апликациите поврзани со дигитални токени имаат најдобра иднина и најголем простор за раст. Според него, најголемите светски организации ќе се напојуваат со токени во догледна иднина, исто како што интернет компаниите денес се напојуваат со компјутерски мрежи.

Мисијата на новата рунда инвестиции ќе биде иста како и досега: да се биде еден од првите на пазарот и да се обезбеди помош и капитал на претприемачите и крипто заедниците. Парите што ќе се вложат во овој бран инвестиции ќе одат за нови идеи и компании во сите фази на развој и нема да бидат географски ограничени.

„Доколку сте претприемач во првите линии на развој на крипто, известете не“, велат од овој фонд.

Инвестицискиот фонд „Paradigm” е основан во 2018 година и досега има инвестирано и „оплодено“ над 10 милијарди долари. Досега имаат инвестирано многу во крипто пазарот и компаниите кои се занимаваат со него, а нивните индивидуални инвестиции се во широк опсег, од еден до над сто милиони долари.

Нивното инвестициско портфолио вклучува имиња како што се „Coinbase”, „Diem”, „FTX Trading” и речиси 40 други помалку познати компании и проекти.

Криптовалути

Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Објавено

на

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите повторно во пораст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање


Популарно