Connect with us

Сметки

Осигурување на пречекорување на сметка од Охридска Банка

Објавено

на

Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Граве, Ви овозможува осигурување на пречекорување на сметката.

Во случај на осигурен настан, осигурителната компанија ќе ги подмири обврските од пречекорувањето на Вашата сметка кон Банката.

Покриени ризици:

  • смрт како резултат на несреќа и на болест;
  • трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа.

Начин на плаќање:

  • Премијата изнесува 0,37 ЕУР месечно, фиксен износ пресметан во денарска противвредност според средниот курс на денот на месечните пресметки;
  • Премијата се пресметува и се наплатува на месечна основа од трансакциската сметка на клиентот.

Клучни предности:

  • поголема сигурност – осигурувањето на пречекорувањето овозможува посигурна иднина, бидејќи знаете дека сте заштитени ако се случи нешто непредвидено;
  • заштита на семејството од оптоварување со долгови на најблиските;
  • брзо и лесно аплицирање – одобрување во рок од еден ден;
  • едноставен начин на плаќање – месечна наплата директно од трансакциската сметка на клиентот;
  • иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот.

Како да аплицирате?

Во која било експозитура на Охридска банка, членка на Групацијата „Сосиете женерал“.

Домашни банки

М-р Драган Радески [КИБС]: Инстант-плаќањата се во центарот на новите платежни трендови!

Објавено

на

Содржината е преземена од специјализираното списание на Академија за банкарство и информатичка технологија „е-Банкар“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензионерско уживање со “Пензија на 1-ви” од Стопанска Банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти, пред се пензионерите, дека со почеток од 1-ви февруари 2019, ќе започне да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД – Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи на 2,50%, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange